from €0,00
Book Now

ЕГИПЕТ – ГОЛЕМА ТУРА Новогодишно групно патување со лет од Скопје

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
ЕГИПЕТ – ГОЛЕМА ТУРА
Новогодишно групно патување со лет од Скопје
27.12.2021 – 04.01. 2022
9 дена / 7 ноќевања

» КАИРО – посета на Пирамидите и Музејот
» ХУРГАДА – All Inclusive во хотел 5* на Црвено Море
» КРСТАРЕЊЕ по НИЛ – Асуан & Комомбо  Едфу & Луксор
Програма

 

1 ден 27.12: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАИРО
Состанок на групата на Аеродром Скопје во 17:30  часот. Лет за Истанбул со TK1006 во 20:35  часот. Слетување во 00: 10 часот. Полетување за Каиро  со TK 692  во 01:30 Слетување на аеродромот во Каиро во 02:40 часот на 28. Декември. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел . Ноќевање.

2 ден 28.12:  КАИРО
По појадокот, заминуваме на разглед и посета на најважните заменитости во Каиро.  Обиколка на комплексот Гиза со посета на трите пирамиди ( Кеопсова, Кефренова и Микеринова, долинскиот Крал Кефрен и Сфингата. Следува панорамски разглед на Каиро. Продолжуваме со посета и разглед на Националниот Музеј  (разгледување на експонатите  од времето на старата Египетска цивилизација, Старо, Средно и  Ново царство, и разгледување на богатството од Гобницата на Тутанкамон ). Посета на традиционална парфемерија со презентација на начинот парфеми и есенцијални масла. Враќање во хотел. Слободно време. Можност за факулативна екскурзија, вечера на брод по Нил. Ноќевање.

3 ден 29.12: КАИРО – ХУРГАДА
Појадок. Рано наутро  со спакуван багаж, заминување од Каиро и со автобус се упатуваме кон Хургада. Пристигнување и сместување во хотел. Престој во прекрасниот 5 ѕвезден хотел на сама плажа на база на СЕ ВКЛУЧЕНО. Сончање, уживање на прекрасната пасочна плажа и капење во тиркизната , кристално бистра, беспрекорно чиста и топла вода на Црвеното Море. Ноќевање.

4 & 5 ден 29.12 – 30.12: ХУРГАДА
Појадок. Слободен ден за уживање на брегот на Црвеното море. Можност да го збогатите вашиот престој со некоја од Факултативните екскурзии кои се во понуда на нашиот локален партнер ( Џип сафари, Рајскиот Остров… ). Ноќевање.
Рајски остров или Џип сафари
* Paradise Island – Рајски остров ( со брод )Поаѓање од хотелот  окулу  08:00 и превоз до марината со автобус. Пред поаѓање на излетот, да се доручкува во хотелот. Во марината ќе добиете опрема, маски и пераи. Укрцување на јахтата. Саат време пловење до првиот корален гребен за снорклинг ( Површинско гњурење ) од окулу 30 -40 мин. А потоа уште еден 30-40 минутен стоп за снорклинг кај друг корален гребан. Следува пловидба кон островот каде ќе имате можност да уживате во прекрасната, кристално бистра и чиста вода на Рајската плажа.. Ручек вклучен. Поаѓање назад окулу 15часот. Пристигнување во хотел во 16.30 часот.
На излет понесете го хотелскиот пешкир за плажа. Во цената е вклучена  и опремата за снорклинг,  безалкохолни пијалоци на бродот и ручек на островот.
* Супер Сафари (со џипови)  Целодневен излет во пустиња и обиколка на Бедуинско село. Поаѓање од хотелот окулу  11:00 и 12:00 часот. Возење со џипови  (40 min.)  до бедуинското село, ужина и кратко запознавање со животот и обичаите на Бедуинските племиња.  Обиколка на селото, Бедуинска куќа, аптека и пекара. Јавање на камила  и посета на терариум. Возење на баги  (45 min.), spider автомобилиa (10 min), уживање во залез на сонцето, вечера и програма со Бедуински танци ( танчерки, факири, дервиши..)  На излетот да се понесе:  вода, затворени обувки, наочари за сонце, марами.

5 ден 31.12: ХУРГАДА – АСУАН
Ланч пакети за појадок. Поаѓање  кон Асуан во раните утрински часови. Патување со удобен, климатизиран туристички автобус во придружба на стручен локален водич на српски јазик. По окулу 8 -9 часовно патување, со попатни паузи, пристигнување во Асуан . Веднаш по пристигнувањето , укрцување на бродот. Ручек. После ручекот ја започнуваме турата Асуан  со посета на Високата брана, инженерско чудо изградено во 1960-тите. од каде се протега најголемото вештачко езеро на светот – Насеровото езеро. По посета на Високата Брана (High Dam висока 111м), разгледот продолжува со посета на замокот посветен на египетската божица Изида кој се наоѓа на островот Фили 12км јужно од Асуан во реката Нил. Фили е остров и археолошки локалитет. Поради изградбата на Асуанската брана, храмовите во 1969год се пренесени на друг остров како не би биле оштетени од поплави. Замокот е под заштита на UNESCO од 1979 година. Потоа продолжуваме кон посета на Незавршениот обелиск, најголемиот познат антички обелиск, изграден по наредба на  кралицата Хатшепсут (1508-1458 п.н.е.). Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

6 ден 01.01: КОМ ОМБО & ЕДФУ
Ноќно пловење. Пристигнување во Ком Омбо. Појадок. Заминување во посета на Храмот на Собек и Хароерис, посветен на Собек – Бог со глава на крокодил на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили во текот на своите пловидби по реката Нил. Храмот стои на свиокот во Нил, каде што во древни времиња светите крокодили се одмарале на сонцето на брегот на реката. Враќање на бродот за ручек. Пловење кон Едфу. По пристигнување посета на Храмот посветен на Богот Хорус, едно од најстарите божества, изграден во времето на Клеопатра. Прикажан е со глава на сокол и се поврзува со многу фараони во текот на нивниот живот и владеење. Ова е најголемиот и најсочуван Храм кој претставува комбинација од Египетската и Грчката архитектура. Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

7 ден 02.01: ЛУКСОР – Западен Брег
Крстарење до Есна и Луксор. По пристигнувањето во Луксор и после појадокот се упатуваме кон Западниот брег на Нил за да ја посетиме Долината на кралевите и Кралиците, огромниот град на мртвите, каде што величествените гробови биле врежани во пустинските карпи и исполнети со богатства за задгробниот живот од генерациите на фараоните. Потоа ќе отидеме до подножјето на карпата за да го видиме Храмот на кралицата Хатшепсут, единствената жена што владеела со Египет во историјата на фараонот. Овој Храм се смета дека е еден од најубавите храмови изградени во Египетското царство. На враќање кон реката Нил, нашиот пат поминува покрај познатиот Колос од Мемнон, познат во Античко Грчките времиња по  нивните прогонувачки гласови во зори. Враќање на бродот. Вечера.  Ноќевање на бродот.

8 ден 03.01: ЛУКСОР (Источен Брег) – ХУРГАДА
Појадок на бродот и искрцување. Поаѓање на  утринска тура  со посета на Луксорскиот храм посветен на богот Амун, познат по своите столбови кои се во форма на пакет од папирус. Потоа се упатуваме кон храмот Карнак, изграден пред повеќе од илјада години од повеќе генерации на фараони. Слободно време за прошетка низ Луксор. Во поладневните часови, поаѓање кон аеродромот во Хургада.

9 ден 04.01: ХУРГАДА – ИТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Пристигање на аеродромот во Хургада. Лет за Истанбул со  TK1430  во 01:30часот.  Слетување во Истанбул во 05:30. Лет за Скопје во 08:50 со TK100. Слетување во 08.15

Цена по лице 1.295 еур

Забелешки
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНO :
– Повратен авио билет Скопје – Истанбул – Каиро & Хургада – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
– Аеродромски Такси
– 2 ноќевање во Каиро во хотел со 4* на база ноќевање со појадок
– 2 ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база се вклучено
– 3 ноќевања на брод 5* по Нил на база полн пансион (појадок, ручек, вечера, без пијалоци)
– Сите трансфери према програмата
– Сите посети со вклучени влезници, према програмата
– Стручен локален водич
– Техничко водство / Пратител на групатаВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Египетска виза – се вади на аеродром по слетување – 25$.
– Факултативни излети (рајскиот остров, џип сафари, вечера на брод на Нил во Каиро).
– Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
– Здравствено патничко осигурување.
– Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 40 € / 2.480 мкд (се плаќа на претставникот при пристигнување во Египет).

ЗАБЕЛЕШКИ:

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
– Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
– За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Аурора Турс.
– За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
– За ова патување може да се потребни дополнителни услови поврзани со Ковид-19 (тест, вакцина и сл.). Ве молиме информирајте се во агенција.
– Програмата и редоследот на разгледи може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.

View More

Tour's Location

Created with Sketch.
from €0,00

You might also like