from 398 € 348 €
Резервирај

EURO 2021-Bucharest – Фудбалски натпревар: Австрија – Македонија

Нема оценки

Времетраење

2 ноќевања

Тип

Specific Tour

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

EURO 2021-Bucharest 
Фудбалски натпревар
Австрија – Македонија

Пакет аранжман: 2 ноќевања со појадок +Билет за натпреварот+ автобуски превоз+технички  претставник
Термин:  12.06.2021 – 14.06.2021

За прв пат во историјата на Европските шампионати, овој настан ќе се одржи во 12 различни градови во 12 земји! Ариес ќе ви даде можност да присуствувате на секој натпревар со загарантиран билет! Еуро 2021 никогаш не било толку блиску до вас!
Резервирајте без ризик – 100% враќање на билетите за натпреварот и хотелот во случај на вонредна состојба со КОВИД.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1. ДЕН (12.06.2021) –  СКОПЈЕ- РУСЕ ( околу 600км /8 часа патување)
Состанок со групата во утринските часови и поаѓање за Русе, Бугарија. За време на патувањето има попатни паузи за одмор и други царински формалности. Пристигнување во Русе, Бугарија во попладневните часови .Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2. ДЕН (13.06.2021)   – РУСЕ-БУКУРЕШТ( околу 75км/2,30 часа патување )
–  Појадок во хотел.Состанок на групата во лобито на хотелот и заминување во 09.30 часот наутро кон Букурешт. Околу 12 часот пристигнувањето во романскиот главен град, градот по кој поради своите монументални градби, во минатото бил нарекуван „Мал Париз на Истокот“ плени со своите убавини: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј…
Трансфер во Арена Национал за да присуствувате на фудбалски натпревар од групата Ц на Европското првенство во фудбал 2021 година:

13.06.2021 – 19:00 часот – Австрија – Македонија

По завршувањето на фудбалскиот натпревар, заминување кон Русе,Бугарија.Враќање во хотел. Ноќевање.

3.  ДЕН (14.06.2021)  –  РУСЕ-СКОПЈЕ
–  Појадок. Напуштање на собите. Во утринските часови заминување кон Македонија.

ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ
Пакет аранжмани по лице  : По лице во двокреветна соба Еднокреветна  соба Трет возрасен во 1/2 соба Дете 2-12 г.  со 2 возрасни
13.06.2021 РЕДОВНА ЦЕНА : 398 € 438 € NA NA
Цена  со попуст за                            РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА                                 до 01.03.2020 348 € 388 € NA NA
УСЛУГИ

Во програмата е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус Скопје-Русе-Букурешт-Русе-Скопје со багаж 20кг;
  • 2 Ноќевања со појадок во Русе, Бугарија   во  хотел Dunav Plaza Hotel 4* или сличен ;
  • билет за фудбалски натпревар од групата Ц / според избраниот датум / на ЕУРО 2021,
  • Организација и реализацијa на аранжманот

Во програмата не е вклучено:

  • Патничко осигурување ;
  • Индивидуални трошоци;
  • Факултативни екскурзии кој не се наведени во програмата ;
ХОТЕЛИ

Dunav Plaza Hotel 4*– се наоѓа во срцето на Русе, веднаш на плоштадот Свобода. Хотелот нуди климатизирани соби, бесплатен Wi-Fi и разни ресторани.
Во ресторанот  се служи интернационални јадења придружени со различни локални и странски вина.
Градинарскиот ресторан е отворен под сенка на винова лоза и јавори. Тој нуди национални и интернационални јадења, како и специјалитети на скара.
Можете да уживате во богати домашни колачи во слаткарницата на Hotel Dunav Plaza . Лоби барот и коктел барот нудат различни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ

Потребни документи:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%,
  • Понудата важи за минимум 20 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До 45 дена пред датумот на поаѓање се задржува неповратниот депозит од 50% од вредноста на аранжманот;
  • Помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Напомена:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20 .

Забелешки:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
  • При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата.
  • Со потпишување на Договор за туристичко патување, патникот плаќа 50% од цената на патувањето, со вклучен билет за присуство на спортски настан.
  • Во случај на промена на состојбата со пандемијата и одржување на натпреварот зад затворени врати (т.е. без публика), сите припејд билети ќе бидат откажани и износите ќе бидат вратени!
  • Доколку патникот одбие да патува, но натпреварот се одржува со публика, билетите НЕ можат да се откажат и износите нема да бидат вратени!

ОВАА ПРОГРАМА НЕ Е ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА НА TА АРИЕС, И ЗА ИСТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ КОВИД ВАУЧЕР!

Прочитај Повеќе

Вклучува/Не вклучува

  • Превоз со високо туристички автобус Скопје-Русе-Букурешт-Русе-Скопје со багаж 20кг
  • 2 Ноќевања со појадок во Русе, Бугарија во хотел Dunav Plaza Hotel 4* или сличен
  • билет за фудбалски натпревар од групата Ц / според избраниот датум / на ЕУРО 2021
  • Организација и реализацијa на аранжманот
  • Техничко водство од страна на АГЕНТУР
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни екскурзии кој не се наведени во програмата

Локација

50 €
од 398 € 348 €

Можеби ќе ви се допадне