Хеј Словени во Србија и Босна
по патеката на другарот Тито
Термин : 22.05-25.05.2020
ПРОГРАМА
Ден 1 – петок – 22.05.2020
- Собир на групата на паркингот пред Х.ВИП ( наспроти поранешен Саем )во 2 :30 часот
- Поаѓање за Белград во 3 :00 часот
- Патување со попатни паузи за одмор и гранични формалности
- Пристигнување во Белград и посета на Музејот 25 Мај -Куќата на Цвеќето,каде се наоѓа гробот на Тито
- Сместување во Хотел со 3* во Белград
- Слободно попладне
- Ноќевање
Ден 2 – сабота – 23.05.2020
- Појадок
- По појадокот,патувањето го продолжуваме кон Ужице поранешно Титово Ужице, каде ќе го посетиме Музејот на Ужичката Република и Народниот Музеј-Музејот на Востанието од 1941 год.
- За време на германската окупација на Втората Светска војна во 1941 година, Ужице беше привремено ослободена од партизани. Музејот на востанието е во зградата која служела како седиште на партизаните. Ужице била прва слободна територија и центарот на востанието во Југославија каде било сместено военото и политичко раководство , но исто така и град каде бил објавуван весникот Борба. Во 1941 година, партизанската фабрика за оружје и муниција била единствената фабрика во окупираниот дел на Европа каде се произведувало оружје за борба против фашизмот.
- Патувањето го продолжуваме кон Сараево
- По сместување во Хотел со 3* во Сараево и краток одмор , во договорено време, организиран разглед на Сараево.Во слободното време предлагаме да направите краток одмор во кафе барот”Кафе ТИТО”
- Слободно време
- Ноќевање
- Ден 3 – недела – 24.05.2020
- Појадок
- По појадокот се упатуваме кон Јајце , градот во кој е одржано Второто заседание наАВНОЈ на 29 и 30 ноември 1943 година
Посета на Музејот на Второто Заседание на АВНОЈ– на ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија и направен план за изработување на Уставот на идната Југославија како Федеративна и Демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ во Јајце ,присуствувале 142 делегати а на Тито му била додадена придавката Маршал на Југославија
- Враќање во Сараево
- Ноќевање
Ден 4 – понеделник –25.05.2020
- Појадок
- Одјава од хотелот
- Се упатуваме кон Меморијалниот комплекс
- Комплексот е посветен на Битката на Неретва за време на Втората светска војна. Историскиот културен пејзаж во кој се сместува Музејот на „Битката за ранетите на реката Неретва во Јабланица“ денес е спомен комплекс поврзан со четвртата непријателска офанзива – настан што се случи во февруари и март 1943 година, спасен од припадници на единиците на ЈНА над 4000 повредени и болни .Меморијалниот мост е највредната музејска поставка како сведоштво за специфичните тактики на партизанско војување и една од најхуманите битки во Втората светска војна. Самиот музеј беше отворен од Јосип Броз Тито на 12 ноември 1978 година за одбележување на 35-годишнината од битката.
- Патувањето го продолжуваме кон Коњиц со посета на Титовиот Бункер
- Титовиот Бункер остана државна тајна до распадот на СФРЈ во раните 90-ти. Изграден е помеѓу 1953-1979 година во рид во подножјето на планината Златар и е најголемото атомско засолниште и една од најголемите подземни структури изградени во поранешна Југославија.Командата за атомска војна, позната и како АРК или Бункерот на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 члена на неговиот непосреден круг во случај на нуклеарна војна.
- Патувањето го продолжуваме кон Рудо
- Посета на Музејот на Првата пролетерска Бригада каде на 21.12.1941 год. била формирана Првата пролетерска бригада. Денот на првата борба на единицата по завршувањето на војната беше повод за одбележување како ден на ЈНА се до 1991 година.
- По завршување на посетата на Рудо, се упатуваме кон Вишеград и Мостот на Дрина.
- Патувањето го продолжуваме кон Македонија со попатни паузи за одмор и гранични процедури
- Пристигнување во Скопје
Цената вклучува :
-Превоз со високо туристички автобус (или минибус) на релација Скопје-Србија- БиХ- Скопје
-1 ноќевање со појадок во Белград ( Хотел со 3*)
-2 ноќевања со појадок во Сараево (Хотел со 3* )
-Комплетна организација, водство и претставник од Т.А.Метрополитан Травел
– Лиценциран туристички водич/придружник за време на целото патување
Цената не вклучува :
- Влезници во сите наведени Музеи и објекти опфатени во патувањето
пакет влезници со вклучени трансфери до местата , водич и влезници = 35 евра
(пакетот покрај транспортот и водич , вклучува влезници во : )
- Посета на Белград и влезница во “Куќата на Цвеќето”
- Музеј на Прва Пролетерска Бригада
- Музеј на Ужичката Република
- Музејот на Востанието од 1941 год.
- Музејот на Второто Заседание на АВНОЈ
- Титовиот Бункер
- Музејот на „Битката за ранетите” на р. Неретва
- Разглед на Сараево
- Посета на Вишеград и Мостот на Дрина
- Посета на Ужице
- Посета на Рудо
- Посета на Јајце
- Посета на Коњиц
- Посета на Јабланица
- Избор на место на седење ( се доплаќа 10 евра по особа,минимум 2 седишта )
- Задолжително патничко осигурување
- Индивидуални трошоци и трошоци кои не се наведени од страна на агенцијата во програмата која се реализира
** за реализација на турата се потребен минимум 40 патници
Цена на аранжманот 119 евра по особа за уплата до 20.02.2020 година
Редовна цена 139 евра
Можност за плаќање на 4 рати (последна рата- 2 недели пред поаѓање)