fbpx
from €995,00
Book Now

ХУРГАДА & КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ

Not Rated

Duration

7

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Програма

 

1 ден 21.04: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХУРГАДА
Состанок на групата на Аеродром Скопје во 17:50  часот. Лет за Истанбул со TK1006 во 20:50  часот. Слетување во 23:25 часот. Полетување за Хургада со TK 702  во 01:40 Слетување на аеродромот во Хургада во 03:20 часот на 22. Април. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел . Ноќевање.

2 ден 22.04:  ХУРГАДА
Појадок. Престој во прекрасен 5* хотел на база на СЕ ВКЛУЧЕНО. Слободен ден за индивидуални активности одмарање, сончање, капење и уживање покрај брегот на тропското, корално и беспрекорно чисто Црвено Море. Ноќевање.

3 ден 23.04: ХУРГАДА
Појадок и слободен ден во хотелот во Хургада, или можност за целодневна факултативна екскурзија до Каиро. Ноќевање.

4 ден 24.04: ХУРГАДА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, одмор или уживање на брегот на Црвеното море. Можност да го збогатите вашиот престој со некоја од Факултативните екскурзии кои се во понуда на нашиот локален партнер (наш предлог – Џип сафари или крстарење до рајскиот остров, итн.).  Ноќевање.

5 ден 25.04: ХУРГАДА – АСУАН
Ланч пакети за појадок. Поаѓање  кон Асуан во раните утрински часови. Патување со удобен, климатизиран туристички автобус во придружба на стручен локален водич. По окулу 8-9 часовно патување, со попатни паузи, пристигнување во Асуан. Веднаш по пристигнувањето, укрцување на бродот. Ручек. После ручекот ја започнуваме турата во Асуан со посета на Високата брана, инженерско чудо изградено во 60-тите години од каде се протега најголемото вештачко езеро на светот – Насеровото езеро. По посетата на Високата Брана (“High Dam” висока 111м), разгледот продолжува со посета на замокот посветен на египетската божица Изида кој се наоѓа на островот Фили – во реката Нил 12км јужно од Асуан. Фили е остров и археолошки локалитет. Поради изградбата на Асуанската брана, храмовите во 1969год се пренесени на друг остров како не би биле оштетени од поплави. Замокот е под заштита на UNESCO од 1979 година. Потоа продолжуваме кон посета на Незавршениот обелиск, најголемиот познат антички обелиск, изграден по наредба на  кралицата Хатшепсут (1508-1458 п.н.е.). Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

6 ден 26.04: КОМ ОМБО & ЕДФУ
Ноќно пловење. Пристигнување во Ком Омбо. Појадок на брод. Заминување во посета на Храмот на Собек и Хароерис. Посветен е на Собек – древен бог со глава на крокодил на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили во текот на своите пловидби по реката Нил. Храмот стои на свиокот во Нил, каде што во древни времиња светите крокодили се одмарале на сонцето на брегот на реката. Враќање на бродот за ручек. Пловење кон Едфу. По пристигнување посета на Храмот посветен на Богот Хорус, едно од најстарите божества, изграден во времето на Клеопатра. Прикажан е со глава на сокол и се поврзува со многу фараони во текот на нивниот живот и владеење. Ова е најголемиот и најсочуван Храм кој претставува комбинација од Египетската и Грчката архитектура. Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

7 ден 27.04: ЛУКСОР (Западен Брег)
Вечерно крстарење до Есна и Луксор. По пристигнувањето во Луксор и после појадокот се упатуваме кон Западниот брег на Нил за да ја посетиме Долината на кралевите и Кралиците, огромниот град на мртвите, каде што величествените гробови биле врежани во пустинските карпи и исполнети со богатства за задгробниот живот од генерациите на фараоните. Потоа ќе отидеме до подножјето на карпата за да го видиме Храмот на кралицата Хатшепсут, единствената жена што владеела со Египет во историјата на фараонот. Овој Храм се смета дека е еден од најубавите храмови изградени во Египетското царство. На враќање кон реката Нил, нашиот пат поминува покрај познатиот Колос од Мемнон, познат во Античко Грчките времиња по нивните прогонувачки гласови во зори. Враќање на бродот. Вечера.  Ноќевање.

8 ден 28.04: ЛУКСОР (Источен Брег) – ХУРГАДА
Појадок на бродот и искрцување. Поаѓање на  утринска тура  со посета на огромниот и импознатен комплекс на храмови – Карнак, кој на ова место е поставен окулу 2.000 години пред новата Ера, но најголемиот развој го достигнува со Новото Кралство. Комплексот е граден илјада години од повеќе генерации на фараони. Централен и можеби најзначаен дел од Карнак е храмот посветен на богот Амун, познат по своите столбови кои се во форма на пакет од папирус. Овој храм се смета за еден од најамбициозните примери за развиената архитектура и инжињерство низ античките фараонски времиња. Слободно време за прошетка низ Луксор. Во поладневните часови, поаѓање назад кон аеродромот во Хургада.

9 ден 29.04: ХУРГАДА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Пристигнување на аеродромот во Хургада. Лет за Истанбул со TK1430 во 00:30часот. Слетување во Истанбул во 04:30. Лет за Скопје во 07:30 со TK100. Слетување во 07.50 часот.
Предлог факултативни екскурзии во Хургада:

* Paradise Island – Рајски остров ( со брод ) – Поаѓање од хотелот  окулу  08:00 и превоз до марината со автобус. Пред поаѓање на излетот, да се доручкува во хотелот. Во марината ќе добиете опрема, маски и пераи. Укрцување на јахтата. Саат време пловење до првиот корален гребен за снорклинг ( Површинско гњурење ) од окулу 30 -40 мин. А потоа уште еден 30-40 минутен стоп за снорклинг кај друг корален гребан. Следува пловидба кон островот каде ќе имате можност да уживате во прекрасната, кристално бистра и чиста вода на Рајската плажа.. Ручек вклучен. Поаѓање назад окулу 15часот. Пристигнување во хотел во 16.30 часот.
На излет понесете го хотелскиот пешкир за плажа. Во цената е вклучена  и опремата за снорклинг,  безалкохолни пијалоци на бродот и ручек на островот.
* Супер Сафари (со џипови) – Целодневен излет во пустиња и обиколка на Бедуинско село. Поаѓање од хотелот окулу  11:00 и 12:00 часот. Возење со џипови  (40 min.)  до бедуинското село, ужина и кратко запознавање со животот и обичаите на Бедуинските племиња.  Обиколка на селото, Бедуинска куќа, аптека и пекара. Јавање на камила  и посета на терариум. Возење на баги  (45 min.), spider автомобилиa (10 min), уживање во залез на сонцето, вечера и програма со Бедуински танци ( танчерки, факири, дервиши..)  На излетот да се понесе:  вода, затворени обувки, наочари за сонце, марами.

* Посета на Каиро – Поаѓање од Хургада околу 2 ч после полноќ. Возење со автобус до Каиро (времетраење околу 6 часа). Пристигну¬вање во Каиро наутро околу 8ч. Обиколка на Националниот Археолошки Музеј во Каиро (се разгледуваат експонати од Старото, Средното и Новото царство и богатството на Тутанкамон). Панорамски разглед на Каиро на патот кон Гиза. Обиколка на платото на Гиза, Кефреновата, Микериновата и Кеоп¬совата пирамида, долинскиот храм на фараонот Кефрен и големата статуа Сфинга. Ручек. Посета на традиционална парфимерија со презентација на начинот на кој се прават парфеми и се користат етерични масла. Пристигнување во Хургада околу 22 ч

КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ & ХУРГАДА / 5*

Ценовник

Ноќевања 7
Пријавување 21.04
Одјавување 28.04
STANDARD ROOM | 4AI (HRG) + 3FB (NILE CRUISE)
Лице во 1/2 995
Прво дете 2,00-5,99 450
Прво дете 6,00-11,99 675
Лице во 1/1 1315
Трето лице 905

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЕГИПЕТ – ХУРГАДА & КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ
Велигденско групно патување со лет од Скопје
21.04.2022 – 29.04. 2022
9 дена / 7 ноќевања
Лет со Turkish Airlines

» ХУРГАДА – All Inclusive во хотел 5* на Црвено Море
» КРСТАРЕЊЕ по НИЛ – Асуан & Комомбо Едфу & Луксор
ЕГИПЕТ – земја со 5.000 години цивилизациска историја, најстариот сведок на човештвото; земја во која природата, божествата, времето и вечноста се спојуваат.Од крајот на IV милениум пред новата ера, на овој простор секогаш се случувало нешто многу важно за целата човечка цивилизација, било да се во прашање големите градежни работи, научни достигнувања или големите борбени освојувања. Иако познат по нив, Египет не се само пирамидите, храмовите, античките богатства и културно историски споменици, туку и прекрасното Црвено Море, нуркањето, богат ноќен живот, луксузни хотели и ресторани, романтични крстарења по Нил, адреналински сафари тури … Тоа е земја на весели и срдечни луѓе, добра музика, возбудливи пејсажи и можност за добри авантури.
Програмата Крстарење по Нил се одвива помеѓу Асуан и Луксор, во должина од окулу 220 км и опфаќа повеќе импозантни храмови и други значајни места од богатата историја на Египет. Тое е можност да се ужива во раскошната убавина по долината на реката Нил, а од исток и запад погледот ви го земаат вечните пустини.Ова патување е прилика да се запознаете не само со најстарата цивилизација на планетата, каде културата, уметноста и науката значајно влијаеле врз развојот на човештвото, туку и да ја доживеете убавината на земјата чија судбина со векови е врзана за НИЛ, мајка на реките, која што претставува единствен извор на живот и опстанок на северо-источна Африка. Истовремено ова патување нуди можност за неколкудневен одмор покрај водите на прекрасното, тропско Црвено Море.

Забелешки

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНO :
– Повратен авио билет Скопје – Истанбул – Хургада, со Turkish Airlines.
– Аеродромски Такси.
– 4 хотелски ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база се вклучено.
– Крстарење по нил – 3 ноќевања на брод 5* на база полн пансион (Појадок, ручек, вечера, без пијалоци).
– Сите трансфери према програмата
– Сите посети со вклучени влезници, према програмата
– Стручен локален водич
– Техничко водство / Пратител на групатаВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Египетска виза – се вади на аеродром по слетување – 25$.
– Факултативни излети (тура Каиро; Крстарење до рајски остров; Пустинско сафари).
– Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
– Здравствено патничко осигурување.
– ПЦР тест (доколку е потребен – за лица над 12г. без Ковид-19 вакцинални потврди).
– Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 30 € (се плаќа на претставникот при пристигнување во Египет).ЗАБЕЛЕШКИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
– Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
– За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Аурора Турс.
– За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
– За ова патување може да се потребни дополнителни услови поврзани со Ковид-19 (тест, вакцина и сл.). Ве молиме информирајте се во агенција.
– Програмата и редоследот на разгледи може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.ВАЖНО – Ковид услови за влез во Египет
Од 21.12.2021 условите за влез во Египет се либерализирани и согласно последните протоколи, сите патници и деца со 12 или повеќе години, неопходно е да поседуваат:
1. Потврда со QR код издадена од релевантна државна медицинска институција за комплетирана вакцинација (2 дози) со некоја од признаените вакцини извршена најмалку 14 дена пред влез во државата;
или
2. Негативен ПЦР тест со валиден QR код не постар од 72часа пред влез во Египет;
или
3. Негативен резултат од брз антигенски тест со валиден QR код не постар од 24 часа пред патување;

Оние кои не поседуваат еден од наведените документи, може да извршат тестирање на аеродромот во Хургада при пристигнување. Тестот се плаќа на лице место и чини окулу 30$.

View More

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

from €995,00

You might also like