from €109,00
Book Now

Искуси ја Македонија во Октомври

Not Rated
Created with Sketch.

Duration

3 дена

Created with Sketch.

Tour Type

Specific Tour

Created with Sketch.

Group Size

Unlimited

Created with Sketch.

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Искуси ја Македонија во Октомври

Есенски бои, локална храна, гроздобер и добро вино, традиција, религија….

1 ден 23.10.2020 Петок: Гроздобер  и чаша вино (Битола-Неготино-Струмица)
Поаѓање во 08:00 часот пред Спортска сала на паркингот. Посета на винскиот регион на Македонија Кавадарци, Неготино, Демир Капија.  Тоа е најважниот регион и во поглед на квантитетот и квалитетот на виното. Пристигнување во винаријата Попова Кула или Квин Марија со можност за запознавање со процесот на одгледување и берба на грозје, како и производство на вина со нивна дегустација. Продолжување кон  Струмица  и посета на Смоларските водопади  и комплексот Лебедово Езеро со можност за ручек (факултативно 10 Еур), после ручекот заминување за Струмица. Пристигнување во хотел и сместуавање. Слободна вечер за прошетка низ убавата Струмица. Ноќевање 1
2 ден 24.10.2020 Сабота Манастирите на Источна Македонија (Штип – Кратово – Скопје)
Појадок. Патувањето продолжува низ источна Македонија со попатна посета манастирите на Водоча и Вељуса и познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот Среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Продолжување кон  Штип како и  Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско, чија главна црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил.  Заминување за Кратово, пауза со можност за ручек и разглед на прекрасното мало гратче. Заминување за Скопје пристигнување  во вечерните саати. Слободна вечер. Ноќевање 2
3 Ден: 25.10.2020 Недела Убавините на Западна Македонија (Скопје – Гостивар-Охрид) Појадок. Разглед на Скопје со водич: Скопско Кале, Стара чаршија, Спомен куќата на Мајка Тереза, Музејскиот комплекс Македонска борба, Меморијален музеј на Холокаустот. Заминување за делот на западна Македонија. Пауза за организиран ручек на изворот на реката Вардар во Вруток (факултативно 10 Еур). Попатна посета на Манастирот Св.Јован Бигорски, кањонот на Радика, Дебарско езеро, Косовраските бањи,  Струга, Охрид. Слободно попладне во Охрид со можост за прошетка и одмор. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 Еур/ 6.758,00 денари

промо цена за уплата до 03/10/2020  99 Еур / 6,138,00

Еднокреветна соба 129Еур. Деца 2-12 години 69 Еур.

Напомена: ВАЖАТ ВАУЧЕРИТЕ ДОМА СИ Е ДОМА.

Во цената на аранжманот е вклучено:
◦ Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
◦ Сместување во хотели со 4*  на база 2 ноќевања со појадок

Хотел Вила Парк 4* Струмица Ново обележје кое стои гордо во центарот на Градскиот парк, Вила Парк Хотел го редефинира современиот луксуз во срцето на Струмица со космополитско, но и локален дух, кој ќе ви понуди посебни гурмански и забавни искуства.    http://www.villaparkhotel.mk/
Хотел Солун и Спа  4* Скопје  – прекрасен нов хотел на најтрактивна локација во Скопје https://www.hotelsolun.com/welcome
◦ Посета на винарија Попова Кула или Квин Марија со дегустација на вино
◦ Разглед на посетените места со туристички водич
◦ Организација, водство и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
◦ Организиран ручек во Струмица (Лебедово езеро), Штип и  Вруток Гостивар
◦ Влезници за музеите и археолошките локалитети
◦ Патничко осигурување
◦ Индивидуални трошоци

Историја на виното во Македонија

Македонија има богата винска историја. За времето на Филип Втори и Александар Велики, членовитте на македонската кралска династија се познати како големи љубители на виното. Оваа традиција продолжува и за времето на Римската империја кога Македонија е еден од најзначајните вински региони во империјата. Исто така, големото значење на виното се задржува и за време на навлегување на Христијанството, кога скоро во сите православни христијански церемонии во изведувани во црквите виното е дел од традицијата. Ваков пример е свадбената церемонија кадешто вино заедно со леб и сол им се дава на невестата и младоженецот.

Сите овие церемонии се присутни и денес и на овој начин се продолжува и традицијата на значењето на виното. Историските фактии зборуваат и дека виното играло важна улога за време на владеењето на Цар Самуил, средниот век и крајот од турското владеење во Македонија. Многубројните археолошки пронајдоци докажаа дека афинитетот кон одгледување на винско грозје и производство на вино е еден од најважните во македонската историја.

Денес Македонија има 24 000 ха лозови насади од коишто се произведуваат значајни количини вино.
Интензивните ароми на македонските вина се резултат на комбинираното влијание на двете и медитеранска и континентална клима, со топли летни денови и посвежи ноќи. Продолжениот процес на созревање на грозјето ги осигурува боготите бои и комплексни ароми на виното. Македонија има лозови насади со познатите модерни француски сорти на винско грозје, но и лозови насади со автохтони сорти на грозје, какви што се Вранец од црвените, Жилавка и Темјаника од белите и од розе Станушината. Винарството во Македонија има богат и разнообразен потенцијал како што може да биде и секоја друга земја, но овој потенцијал само што е започнат да се искористува, иако земјата има долга и значајна историја на производство на вино.

Вински региони

Според климатските карактеристики и класификација на ЕУ, Република Македонија се смета како III-C-b зона за одгледување винова лоза и ги усвои енолошките правила кои се однеусваат на оваа зона. Основна карактеристика на оваа зона е дека вината може да имаат ацидификација, но не да се збогатуваат, што кореспондира со законодавство и сегашна пракса на производство на вино во земјата.

Во Македонија постои еден лозарски  реон, кој географски може да се подели во три региони:
1) Вардарска долина, односно во Централниот регион (поранешен Повардарски лозарски реон) – опфаќа околу 83% од вкупното производство,
2) Западен регион (поранешен Пелагониско-Полошкиот лозарски реон) – опфаќа 13% од производството и
3) Источниот регион (поранешен Пчињско-Осоговски лозарски реон), – опфаќа околу 4% од вкупното производство.
Трите региони се поделени во 16 под-региони (виногорја) кои се карактеризираат со различни производствени услови и различен интензитет на производство. Најголемото производство на винско грозје и вино се одвива во Тиквешкиот регион. Тиквешијата ги опфаќа сите области погодни за култивација на винско грозје во општините Кавадарци, Неготино и Демир капија, како и делови од општините Прилеп и Велес. Климатските услови во регионот овозможуваат успешно одгледуванје на различни сорти винско грозје со сите фази на зреење на грозјето. Главни сорти што се одгледуваат во регионот се црвените Вранец, Мерлот, Каберне Совињон, Пинот Ноар, Кадарка, белите Шардоне, Белан, Мускат, Ризлинг, Совињон Бланк, Семилон, Смедеревка, Ркацетели, Мускат Отонел, Темјаника, Жилавка и розе Станушина.

 

Најстарата винарска визба на Балканот – Квин Марија

Визија стара речиси еден век! Винаријата “Кралица Марија” е остварен сон започнат со кралска фамилија. Во 1928 година Југословенскиот Крал Александар I Караѓорѓевиќ се посветил на мисијата да изгради место каде што ќе се создава вино со извореден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Еден век подоцна, оваа уникатна визија на Кралот ги обликува сите аспекти на нашата винарија, денес, и за генерациите кои доаѓаат! Грациозно издигнувајќи се над природата, имотот е сместен во совршена хармонија со околината. Архитектонскиот профил на зградите изградени во минатиот век, идеално ги балансираат стариот кралски дизајн и модерната едноставност, природата и човечкиот допир. Текстурата и финесите на виното заедно со луксузните апартмани, винскиот бар, ресторанот, амфитеатарот, лускузната вила каде што спиела Кралицата Марија, раскошот на пауните и зелените опкружувања кои ја одликуваат светлината претставуваат целовековно создавана поезија која ги надминува генерациите.

 

Во храмот на виното – Винарска Визба Попова Кула

Имаме преку 20 ралични видови вино од 11 различни сорти на грозје.
Со помош на нашиот професионален дегустатор на вино можете да направите избор за вашата винска дегустација.
Типичната дегустација вклучува 5 различни типови вино со соодветно сирење, пршути и десерт, а нудиме и гастрономска винска дегустација од 5 различни типови вино со компатибилен целосен оброк.
Нашата богата палета на врвни вина ви омозможува да имате ралична винска дегустација секогаш кога го посетувате овој храм на виното Винарската Визба Попова Кула.

Смоларски водопад

Смоларски водопад се наоѓа во непосредна близина на селото Смоларе, на планината Беласица, на надморска висина од 600 метри. Тоа е објект со височина од околу 35 метри. На дното од водопадот е формиран џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува пет метри, широчината му е 11 метри, а длабочината е околу половина метар. До него има изградена пристапна патека и уреден локалитет за посетители со туристичко-рекреативна функција.

Комплекс Лебедово Езеро

https://www.facebook.com/Complex-Lebedovo-ezero-696034837229556/
На самиот пат кој води до с.Смолари и неодоливите Смоларски водопади, во подножијето на недопрената природа на Беласица се наоѓа комплексот Лебедово Езеро. На влезот ќе ве дочекаат љубезни домаќини, а мирисот на прекрасната македонска кујна подготвена од врвни мајстори ќе ве натера да ја пробате.
Комплексот Лебедово Езеро располага со сопствен паркинг простор за 150 возила, мотел со 60 легла, ресторант, базен и летни тераси за 500 гости. За незаборавен ден со вашите најмили во комплексот е детското катче полно со играчки за забава, но и мини зоолошка градина.

Градот Струмица

Струмица е населба од предсловенскиот период. Најстариот податок за постоењето на градот датира уште од 181 година п.н.е. Тогаш населбата се споменува како Астранон (град на ѕвездите), како главно место за престојување на пеонското племе Астрон. Како римско-византиски и црковен град, во средниот век се споменува како Тивериопол. Струмица е словенско име на градот, добиено според името на реката Струмица, деминутив од името на Струма. На сегашното место градот е обновен во IX век од страна на царот Самуил. Во тој период прераснува во важен сообраќаен и воено-стратешки центар. По неговата смрт во 1018 година и распаѓањето на Самуиловото царство, Струмица е византиско воено-стратегиско и управно средиште за овој дел од Македонија, а продолжила да егзистира и Струмичката епархија. Таквата улога ја имала до крајот на XII век. Од XI до XIV век, потпаѓа под повеќе сфери на интерес од Византија и средновековна Србија и Бугарија. Кон крајот на XIV век потпаѓа под османлиско ропство.

Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на  Република Македонија, односно во северозападниот дел на Струмица. Ова типично рурално место е сместено во подножјето на планината Еленица на само 11 км од Струмица. Селото Вељуса има многу долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот Среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Постоењето на овој голем, значаени и знаменит манастир, влијаело Вељуса да се развива и опстојува како многу голема и значајна населба со бројно население и разни значајни установи.

Селото Водоча се наоѓа во Струмичкото Поле, на реката Водочница во југоисточниот дел на Република Македонија. Оваа историски значајна населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Струмица, односно недалеку северозападно од градот Струмица  на оддалеченост од 5 километри, поради што тоа припаѓа во рурбалната зона на централното место Струмица.  Во почетокот на 9 век, за време на византискиот император Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Во ова време во селото, запишано како Водица живееле 84 македонски христијански семејства.

Кратово e град во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Во 2002 година имал 6.924 жители. Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од османлиите.
Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско, чија главна црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено.

 Скопје – нашиот главен град

Главен град на Македонија е градот Скопје. Тој е и најголем град во земјата и воедно претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, поделен на два дела од реката Вардар. Градот во текот на своето постоење, во зависност од историските прилики, бил именуван со различни имиња, а неговото античкото име е Скупи.

Тоа е град во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Лесно комуницира со медитеранското подрачје на југ и подрачјето на Средна и Северна Европа на север. Преку Качаничката Клисура се поврзува со Јадранско Море. Кон исток, преку Куманово и Крива Паланка се поврзува со Република Бугарија, кон запад се поврзува со Полог, Кичевската Котлина, Охридско-преспанскиот регион и Република Албанија.
Скопје датира од пред античкиот период. Овој град имал стратешко значење во античкиот период, кога бил познат под името Скупи. Ископини од античкиот град Скупи се наоѓаат во месноста Зајчев Рид над утоката на реката Лепенец во Вардар, кај денешното село Злокуќани. Скупи бил главен град на тогашната Дарданија.

Историјата на градот Скопје

Во византиските документи градот се нарекува Скопија, а Словените го означувале и како Скопие, Скопје или Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, градот потпаѓа под Самоиловото Царство, додека во подоцнежниот период под власт на Византија, Бугарија и Србија. Во 1392 година, градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

Во 1962 година поради обилни дождови, реката Вардар го поплавила Скопје. Поплавата била предвесник на најголемиот земјотрес кој градот го искусил. На 26 јули 1963 година во 5:17 часот градот бил разурнат од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Од земјотресот животот го загубија 1.070 граѓани, урнати 90 % од зградите во градот, а над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата. По земјотресот, градот почна да се гради по урнек на проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути наутро.Скопје денес се смета за град на солидарноста поради фактот дека токму со солидарност градот успеал да се возобнови. Прва помош за граѓаните пристигнала од сите тогашни југословенски републики, а неколку дена по земјотресот пристигнала помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле помош и помогнале тој да се изгради повторно.

Национален парк Маврово

Во овој регион се наоѓа најголемиот национален парк во Македонија — Националниот парк Маврово, на јужниот брег на Мавровското Eзеро. Националниот парк има отворено туристички инфо- центар каде што туристите можат да ги добијат сите неопходни информации поврзани со нивниот престој и понудата на паркот. Втора планина по височина во Република Македонија, а прва по планински пространства, е Шар Планина. Тоа е типична планина со алпски предели на високи и стрмни врвови, со планински езера, високи водопади, остатоци на стари валовски долини, но и на зарамнети била.

Бигорски манастир или  Св. Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија. Манастирот е основан од страна на монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт а од целиот комплекс останала само мала црква. Името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Овој манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата сместена до самата црква комплексот манастирски конаци како и новоизградените гостински конаци.
Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле.

Историјата на градот Охрид

Поради големиот број на цркви и манастири, градот Охрид е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Познат е и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО. Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох-рид“, што во превод значи – каков убав рид. Од тогаш градот се вика Охрид. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот.

Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа.Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век станал словенски културен центар, а царот Самуил го претворил во религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град.

Самуиловата тврдина во Охрид

Формата на Самуиловата тврдина потекнува од времето на Самуил, макар што и по него постојат податоци за разурнувања и повторни поправки на тврдината од страна на турците и византијците. Се одликува со ѕидови со височина од 10 до 16 метри и дебелина од неколку метри. Од сите страни, со исклучок на јужната, која е свртена кон езерото, ридестиот дел на градот Охрид бил заштитен со високи ѕидови и кули во должина од три километри, близу охридското пристаниште. Со своите утврдувања и ѕидини го зафаќа целиот Охридски Рид.

На тврдината денес се сочувани 18 кули и четири порти. Делови од тврдината се простираат кон езерото и кон понискиот рид на стариот дел на Охрид. Во стариот дел на градот се влегувало низ три порти, од кои зачувана е само Горна порта. Во нејзините ѕидови се вѕидани многу камења со грчки натписи. Под делумно урнатиот надворешен слој во внатрешните ѕидови се забележуваат хоризонтални слоеви од тули со византиски формат.

Напомена: ВАЖАТ ВАУЧЕРИТЕ ДОМА СИ Е ДОМА.

View More

HIGHLIGHTS

  • Македонија има богата винска историја. За времето на Филип Втори и Александар Велики, членовитте на македонската кралска династија се познати како големи љубители на виното. Бидете накратко и Вие дел од таа традиција...

Itinerary

1 ден 23.10.2020 Петок: Гроздобер  и чаша вино (Битола-Неготино-Струмица)
1 ден 23.10.2020 Петок: Гроздобер  и чаша вино (Битола-Неготино-Струмица)

1 ден 23.10.2020 Петок: Гроздобер  и чаша вино (Битола-Неготино-Струмица)
Поаѓање во 08:00 часот пред Спортска сала на паркингот. Посета на винскиот регион на Македонија Кавадарци, Неготино, Демир Капија.  Тоа е најважниот регион и во поглед на квантитетот и квалитетот на виното. Пристигнување во винаријата Попова Кула со можност за запознавање со процесот на одгледување и берба на грозје, како и производство на вина со нивна дегустација. Продолжување кон  Струмица  и посета на Смоларските водопади  и комплексот Лебедово Езеро со можност за ручек (факултативно 10 Еур), после ручекот заминување за Струмица. Пристигнување во хотел и сместуавање. Слободна вечер за прошетка низ убавата Струмица. Ноќевање 1

2 ден 24.10.2020 Сабота Манастирите на Источна Македонија (Штип - Кратово - Скопје)
2 ден 24.10.2020 Сабота Манастирите на Источна Македонија (Штип - Кратово - Скопје)

2 ден 24.10.2020 Сабота Манастирите на Источна Македонија (Штип - Кратово - Скопје)
Појадок. Патувањето продолжува низ источна Македонија со попатна посета манастирите на Водоча и Вељуса и познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот Среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Продолжување кон  Штип како и  Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско, чија главна црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил.  Заминување за Кратово, пауза со можност за ручек и разглед на прекрасното мало гратче. Заминување за Скопје пристигнување  во вечерните саати. Слободна вечер. Ноќевање 2

3 Ден: 25.10.2020 Недела Убавините на Западна Македонија (Скопје - Гостивар-Охрид)
3 Ден: 25.10.2020 Недела Убавините на Западна Македонија (Скопје - Гостивар-Охрид)

3 Ден: 25.10.2020 Недела Убавините на Западна Македонија (Скопје - Гостивар-Охрид) Појадок. Разглед на Скопје со водич: Скопско Кале, Стара чаршија, Спомен куќата на Мајка Тереза, Музејскиот комплекс Македонска борба, Меморијален музеј на Холокаустот. Заминување за делот на западна Македонија. Пауза за организиран ручек на изворот на реката Вардар во Вруток (факултативно 10 Еур). Попатна посета на Манастирот Св.Јован Бигорски, кањонот на Радика, Дебарско езеро, Косовраските бањи,  Струга, Охрид. Слободно попладне во Охрид со можост за прошетка и одмор. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Included/Excluded

  • ◦ Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • ◦ Сместување во хотел на база 2 ноќевања со појадок
  • ◦ Посета на винарија Попова Кула со дегустација на вино
  • ◦ Разглед на посетените места со туристички водич
  • ◦ Организација, водство и реализација на патувањето
  • ◦ Организиран ручек во Струмица (Лебедово езеро), Штип и  Вруток Гостивар
  • ◦ Влезници за музеите и археолошките локалитети
  • ◦ Патничко осигурување
  • ◦ Индивидуални трошоци

Tour's Location

Created with Sketch.
from €109,00

You might also like

Get Updates & More

Thoughtful thoughts to your inbox