fbpx
from €129,00
Book Now

Истанбул во Октомври 23.10.2022

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Истанбул во Октомври (3ноќи)

ТЕРМИНИ:

20.10.2022 – 24.10.2022

Прв ден 

Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот.

Планирано поаѓање од Битола во 15:30 часот.

Ноќно возење преку Грција, со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден 

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.

Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.

Трет ден 

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

По крстарењето следи посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Го посетуваме местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.

Вечерта враќање во хотел и ноќевање.

Четврт ден 

Овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некои од најубавите квартови (махали) на Истанбул. Ве носиме во една од најживописните населби Балат, позната во шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета.

Потоа се упатуваме кон Пиер Лоти, местото познато по спектакуларниот панорамски поглед, до кое се стига со жичара. Уживајте во прекрасниот поглед во некое од многубројните традиционални турски чајџилници, со симит, чај, познатата турска лимонада или кафе. Пиер Лоти е атракција број еден за сите туристи кои сакаат да уживаат во неверојатен поглед, во традиционален турски стил. Слободно време и потоа враќање во хотел.

Во договорено време групата се чека на рецепција каде потоа се упатуваме кон еден од најпознатите рибни ресторани во Истанбул кој се наоѓа под големиот мост Галата. Уживање со поглед на Босфорот, заедно со фантастичен амбиент и храна. Искуство кое вреди да се доживее.

Во договорено време враќање во хотел.

Петти ден 

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија во договорено време. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА 119€ по лице до 30 09, за термин 20,10-24,10

редовна цена 129 евра.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • туристички пратител за време на престојот
  • организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице

Факултативните излети:

  • Крстарење по Босфорот – 20 евра
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој– 15 евра
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
  • Прошетка во Балат, Вселенската патријаршија и Пиер Лоти (со билет за жичарата) – 15 евра
  • Туркуазу Аквариум (влезница) –15 евра
  • Вечера во познат рибен ресторан под мостот Галата – 25евра (богат избор на предјадења, главно јадење (риба или месо), десерт). Пијалокот се доплатува по желба.

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 50 евра

  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул -прошетка во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој – 20 евра

PREMIUM – 65 евра

  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – Прошетка во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
  • Прошетка во Балат, Вселенската патријаршија и Пиер Лоти (со билет за жичарата)

ВИП – 80 евра

  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – Прошетка во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
  • Прошетка во Балат, Вселенската патријаршија и Пиер Лоти (со билет за жичарата)
  • Туркуазу Аквариум

ИНФОРМАЦИИ:

  • За сингл соба се доплатуваат 55 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 80 евра (кога се со двајца возрасни)
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €129,00

You might also like