from 0 review
2 ноќи
Дневна Тура
40 people
___
Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.
Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.
ПРОМО ЦЕНА 89 евра од Скопје; 99 евра од Битола
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
SILVER – 70 евра (редовна цена 85евра)
PREMIUM – 120 евра (редовна цена 140евра)
ИНФОРМАЦИИ:
Попусти за деца:
Прв ден – четврток (27.08)
Средба на групата на спортска сала Битола во 12:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 13:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.
*средбата во Скопје е во 15:30 а тргнувањето во 16:00
Втор ден – петок (28.08)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.
Топкапи палатата
Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледот, групата има слободно време за индивидуални активности или да продолжи кон втората факултативна посета, а тоа е познатиот Emaar Square Mall со Watergarden.
Watergarden и Emaar Square Mall
Во договорено време групата се чека на рецепцијата каде се упатува према азискиот дел на Истанбул, и прекрасниот Emaar Square Mall и Watergarden, кои претставуваат сосема ново и неверојатно доживување. Emaar Square Mall е трговски центар кој ги прати најновите лајфстајл трендови и по неговото отворање станува центарот на шопингот, гастрономијата, но и на забавата со откривањето на Watergarden базените и фонтаните, кои им дават уникатно доживување на сите посетители. Бидете дел од кореографијата на блескавите води, светлината, ласерите, но и музичките и огнени шоу спектакли.
По завршувањето на посетата, групата се враќа во хотел каде следува ноќевање.
Трет ден – сабота (29.08)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
По оваа факултатива, веднаш се упатуваме кон Долмабахче палатата.
Долмабахче палата – Турскиот Версај
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на Ускудар. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на познатото место Ускудар кое буквално ќе ви го одземе здивот. Слободно време за уживање во прекрасниот Босфор со турски чај или кафе со закуска.
По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Враќање во хотел, ноќевање.
Четврт ден – недела (30.08)
По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Напишете коментар