fbpx
from €299,00
Book Now

КАПАДОКИЈА-8 ДЕКЕМВРИ/ АВИОН

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ТЕРМИН:   07-11 Декември 2022 – 5 Дена/4 Ноќевања    – Ограничен број на места !

                      

01 Ден:  СКОПЈЕИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ:

Состанок на групата на аеродром Александар Велики , Скопје во 15:00. Полетување на авионот за   за Истанбул во 16:40 . Слетување во Истанбулво   л.в. Полетување на авионот за Кајсери во  .   Слетување во Кајсери во  01:00 часот по локално време, (08.12.2022). Трансфер до  хотел. Ноќевање.

0205 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  Престој на база ноќевање со појадок.*

05  ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИЗМИР – СКОПЈЕ:

 

Полни со впечатоци, во  06:15 ч. поаѓаме кон Кајсери.  Полетување на авионот од Кајсери за Измир во 08:00 ч. Слетување во Измир во .    Полетување на авионот за Скопје во.   Слетување на авионот во  Скопје во 13:40 ч.по Македонско време.

За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.

 ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа  авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако…чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

 

 

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:

Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

Потоа го посетуваме подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел.

СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА:

Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”-  Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

 

 

 МИСТИЧНА КАПАДОКИЈАВо водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

* Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.

* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.

* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно  вистинско турско кафе или турски чај.

Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.

*Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

* Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски  поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.  Ручек во локален ресторан.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.

 

 ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности, кои ги работиме во попладневните часови, после излетот Мистична Кападокија:

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола за управување не е потребна)        или….

 

– “BUS SUNSET TOUR”:  Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.

               Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани  цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в.              Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.

 

Турска вечер : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

ЈАВАЊЕ НА КОЊИ:

Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.

 

 

ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ:

Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Можно е и јавање на камили за време на изгрејсонцето.

 

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ:

 

  • Hotel TOURIST  4*:             299 , за уплата до 10.11.2022         Редовна цена: 349
  • OSMAN BAY CAVE hotel :339, за уплата до 10.11.2022          Редовна цена: 379
  • KAYA STONE hotel 4*:     369, за уплата до 10.11.2022          Редовна цена: 399                

 

  •          Доплата за еднокреветна соба:  4.800/5.600/6.900 ден

Напомена:

 

  •          Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.  Можни се нови сатници на полетувања и слетувања кои не зависат од нас. Потребно е 24 часа пред полетување да се информирате за точната сатница. Тогаш и се издаваат резервациите за летовите.
  •          Плаќање во денарска противредност  1€=62 мкд

 

“OSMANBAY” Cave/Stoneхотел http://osmanbeycavehouse.com  во центарот на Гореме.Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење…Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi

“KAYA 4*” de lux Stone хотел,http://www.goremekayaotel.com 500 m од центарот на Гореме . Сместен во автентичен амбиент на Кападокија, на возвишување со  прекрасен поглед кон Долината на Гулабите од една страна и Гореме од друга страна. Конфорно опремени соби со уникатен дизајн од Кападокија. Располага со затворен, загреан базен, Сауна, Амам ( вклучени во цената). Wi-Fi

“ТOURIST” хотел 4*https://www.touristhotel.com.tr: Сместен во Гореме, на плато од каде полетуваат балоните, со поглед на Музејот на Отворено и на Самовилините оџаци. На само неколку мин. од центарот на Гореме.

Со голем базен пред самиот ресторан. Пространи соби со бања и тоалет, клима, ТВ. Wi-Fi

 

 

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Авионски превоз со PEGASUS  AIRLINESСкопје-Кајсери, Кајсери-Измир-Скопје
  • Аеродромски такси
  • 4 Ноќевања со појадок  во хотел по ваш избор, според табелата,во Гореме, во срцето на Кападокија.. Последното утро можен сендвич наместо доручек, поради рано тргнување.
  • Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
  • Рачен (1) багаж максимални димензии: 55х40х20 см.
  • Услуги на локалната агенција,
  • Организација на патувањето,                                                                         

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување       250 мкд,
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќевање. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • Чекиран багаж до 20 кг: 40€ (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
  • Туристички пратител на турата за групи над 10 лица.
  • Не спомнати услуги.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

  • “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (50€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (50€),
  • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (40€),
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА
  • “Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 120 €

 

  •  ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (20€) по лице (мин 2 лица)
  •  Црвена Долина со залез на сонцето, превоз, локален водич: (15€),
  • Турска вечер со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  – (од 160  €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација. * Во случај на уплата за лет со балон во Агенција, а истиот биде откажан поради временски неприлики за време на престојот на патниците, средствата ќе бидат целосно вратени на патниците при нивното враќање во Македонија.
  • Јавање на камили – 1 час:  25€ , за јавање на камили на изгрејсонце, доплата од 10€
  • Јавање на коњи –     1 час: 25€
  • Утринско JEEP SAFARI – 2 часа: 30€ (минимум 4 лица), JEEP SAFARI на изгреј сонце со доплатаод ..€.
  • Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник  во Турција
  • За групи до 10 лица, водичот е на Англиски јазик

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

* Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.

КОВИД ПРОТОКОЛ. Агенцијата внимателно ги следи Ковид протоколите за ова патување. Доколку се потребни сертификати или ПЦР тестови, за истите ќе бидат патниците известени.   Патуваме безбедно и по протокол.  Агенцијата организира  тестирање во лиценцирана лабораторија  по најниски цени за група патници. Оваа информација може да претрпи измени. Странките секако ќе бидат известени за сите промени.

 

*Можност за плаќање на 6 рати без камата

 

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии… се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Вез

View More

Itinerary

Included/Excluded

  • Авионски превоз со PEGASUS AIRLINESСкопје-Кајсери, Кајсери-Измир-Скопје
  • Аеродромски такси
  • 4 Ноќевања со појадок во хотел по ваш избор, според табелата,во Гореме, во срцето на Кападокија.. Последното утро можен сендвич наместо доручек, поради рано тргнување.
  • Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
  • Рачен (1) багаж максимални димензии: 55х40х20 см.
  • Услуги на локалната агенција,
  • Организација на патувањето,
  • Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
  • Туристичка такса 2 € по лице од ноќевање. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • Чекиран багаж до 20 кг: 40€ (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
  • Туристички пратител на турата за групи над 10 лица.
  • Не спомнати услуги.

Tour's Location

from €299,00

You might also like