from 0 review
Дневна Тура
Неодредено
___
КАПАДОКИЈА
23.03 – 26.03.2023 3 ноќи – 4 дена | Лет од Скопје
Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка…
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1.ден 23.03. СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ
Состанок на аеродромот во Скопје во 06:40 часот, полетување за Истанбул во 08:45 часот со лет ТК1004 на Туркиш ерлајнс. Слетување во Истанбул во 12:15 часот (локално време). Летот од Истанбул е во 14:25 часот (ТК2012). Слетување во Кајсери во 15:50ч. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта, факултативно, посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци и музика, нешто што никого не остава рамнодушен. Враќање во хотел. Ноќевање. 2.ден 24.03. СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА
Појадок. Целодневна факултативна екскурзија, „Срцето на Кападокија“. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжува кон срцето на Кападокија со посета на „Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме се вдлабени во карпите, со преубави фрески и живописни бои кои и денес ја задржале својата свежина, а најзначајна од нив е црквата Св.Василиј… Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Заминување кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да се купи рачно изработен сувенир. Следи разгледот на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила, а потоа посета на долината Дервент богата со природни камени форми со ликови на животни, различни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени „волшебни оџаци”. Враќање во хотел. Можност за факултативен излет – јавање коњи низ прекрасните пространства на Кападокија! „Земјата на убавите коњи” како најавтентично да се доживее, ако не со коњ. Магично зајдисонце кое гарантирано ќе го памтите уште многу долго! Ноќевање.
3.ден 25.03. „ГОЛЕМА МИСТИЧНА ТУРА“
Појадок. Целодневен факултативен излет: подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во VII век пне, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата. Прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви, посета на манастирот Селиме кој потекнува од VIII век. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Пауза за ручек во познатото анадолиско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Враќање во хотел.. Ноќевање
4.ден 26.03. ЛЕТ СО БАЛОН – КАЈСЕРИ – СКОПЈЕ
Рано наутро околу 04.00ч факултативно летање со балон над Кападокија. Волшебно, незаборавно доживување… Враќање во хотел. Појадок. Слободно време за индивидуални активности до поаѓање. Трансфер до аеродромот во Кајсери. Летот за Истанбул (TK2013) е во 15:05 часот по локално време. Слетување во Истанбул во 16:40 часот. Летот од Истанбул (TK1005) е во 19:00 часот. Слетување во Скопје во 19:30 часот (по локално време).
ПАКЕТ АРАНЖМАН – КАПАДОКИЈА Хотел 3* ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 23.03.2023 – 26.03.2023 ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 23.03.2023 – 26.03.2023 УСЛУГИ 3 BB НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 3Н / 4Д
Цена по лице во двокреветна соба 595€ / 36.890мкд
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 31. Јануари 545€ / 33.790
Доплата за еднокреветна соба 129€ / 8.000мкд Попуст за трето лице -15€ / -930мкд
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Во цената е вклучено :
Авионски превоз со Turkish airlines на релација Скопје – Истанбул – Кајсери
Аеродромски такси
Чекиран багаж до 23кг.
Рачен багаж до 8кг
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
Организиција на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено :
• Дополнителни оброци
• Патничко здравствено осигурување
Индивидуални трошоци
Факултативни екскурзии:
23.03 Вечера со шоу во турски ресторан (вклучен трансфер, вечера и шоу програма)
60 €
24.03 Целодневен излет „Срцето на Кападокија” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек
65 €
24.03 Јавање на коњ – 2 часа
45 €
25.03 Целодневен излет „Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и ручек
65 €
26.03 Лет со балон (трансфер + закуска пред лет + чаша шампањ по завршување на летот + сертификат за летање )
ОД 220 €
Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
• За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.