from 0 review
2 ноќи
Specific Tour
Неодредено
___
КОПАОНИК
НИШ – НОВИ ПАЗАР – ЛУКОВСКА БАЊА – ПРИШТИНА
КОПАОНИК е најпознат туристички скијачки центар, најголем планински масив и Национален парк во Србија.
БРЗЕЧЕ е туристичка населба со многу хотели, вили и апартмани, во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник. Жичарите Бела река 1 и 2 го поврзува Брзече со централниот ски центар.
07.12.2019 Поаѓање во 4.оо ч. преку Г. П. Табановце, посета на Ниш – каде може да се посетат: Нишката Тврдина, Череп Кулата изградена со глави на српските востаници – (952 глави сега останати 58), нацистичкиот логор од II св. војна, казанџиското сокаче.. Се поаѓа за Копаоник – прошетка низ ски центарот, па сместување во Брзече во вила Иванович. Вечера. Ноќевање.
08.12.2019 Појадок. Факултативен излет до Нови Пазар-кој е во историс- киот регион Санџак.Прошетка во центарот на градот и разглед на градот: градската тврдина, Алтун Алем џамијата, Амира – Агин Хан, црквата св. Петар и Павле-Петрова црква од 13 век.. Слободно време во центарот за шопинг. Враќање во Брзече со пасета на ски – центарот Копаоник. Вечера. Ноќевање.
09.12.19 Појадок. Поаѓање за Косово, со попатна посета на Луковска Бања, а потоа продолжување за Македонија со попатна посета на главниот град на Косово – Приштина, каде може да се видат знаменитостите: Сахат кулата, плоштадот Мајка Тереза, градската Чарши Џамија, царската џамија Фатих, па посета на трговскиот шопинг центар – Алби Мол. Се продолжува за Македонија преку г. п. Блаце и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 3990 денари
Напомена: Рок на пријавување до 01.12.2019 година
Напишете коментар