fbpx
from €179,00
Book Now

1ви Мај на Лефкада и Кефалонија – бисерите на Јонско Море

Not Rated

Duration

4 дена/ 3 ноќи

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

 

1ви Мај на бисерите на  Јонско море

Лефкада -Кефалонија 

 

3 ноќи / 4 дена – автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. Кефалонија и Лефкада со причина ги нарекуваат островите од бајките : белата боја на карпите, школките и песокта, сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации: зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја. Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Миртос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.

1 ден 30.04.2022 – Сабота ( Скопје – Битола – Лефкада – Кефалонија)

Состанок на групата во 01,30 пред Спортска сала Битола. Поаѓање за Грција во 02:00 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Пристигнување во Нидри- Лефкада во утринските часови. Можност за кратка пауза за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани додека се качиме на брод за Фискардо-Кефалонија. Пристигнување на Аргостоли после час и половина патување со брод и еден час по прекрасниот крајолик на Кефалонија. Сместуваме во хотел со 4* во Спартиа.  Слободна вечер. Ноќевање 1.

2 ден 01.05,2022 Недела  ( Кефалонија – Антисамос. пештерата Дрогарати, Мелисани, Миртос )

Појадок. Заминување на организиран разглед со водич на островот  со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја, како и запознавање со богатата историја на островот кој ја дели судбината на повеќето острови од јонскиот архипелаг. Нашата прва станица е Агиос Герасимос, заштитник на островот. Низ прекрасна природа ќе стигнеме до  пештерата Дрогарати. Нејзината акустика и блескавите нијанси на пештерата  кај посетителот оставаат единствена слика. Следува подземното езеро Мелисани. Ηа прекрасно пловење и сенките на ѕидовите и во водите на  пештерата импресионира. Посета на живописното пристаниште Агиа Ефимија каде ќе застанеме за  ручек. Старите куќи, лампионите на плажа и доброта традиционалната храна остава незаборавни впечатоци. Пат полн со контрасти со кулминација на уникатната плажа Миртос, каде ќе имаме време за фотографии. Враќање во хотелот.  Слободно време за одмор, прошетка. Вечерта можност за организирана Грчка вечер со вечера, вино, како и запознавање со фолклорот на Кефалонија низ игри и танци – факултативно 25 Еур. Ноќевање 2.

3 ден 02.05,2022 Понеделник  (Кефалонија- Агиос Андреас – Скала – Порос – Панагиа Фидуса )

Појадок. По појадокот ќе одиме во манастирот Агиос Андреас и потоа ќе имаме разглед на Аргостоли, главниот град на островот. Ќе ја посетиме живописната калдрма, ќе го обиколиме Ласи, ќе го сретнеме прекрасното село Куркумелата и ќе завршиме во Скала на капење и можност за ручек. Во попладневните часови можеме да го посетиме Порос на кратка посета на кафе. Враќање во хотелот со попатна посета на Панагија Фидуза во селото Маркопуло. Панагија Фидуза од Кефалонија е еден од најпознатите храмови на островот како што прима секоја година, покрај илјадници аџии, и некои други, по „чудни“ посетители! Станува збор за мали змии, безопасни, со четири мали црни точки во облик на крст на главите! Тие се појавуваат од 6-ти до 16-ти август на карпите зад франкската камбанарија на црквата Панагија Фидуза и бестрашно лазат меѓу луѓето и внатре во црквата.  Ќе  откриеме  што крие островот со посета на манастирот Агиос Андреас, Скала, Порос како и една од најголемите атракции на островот „Чудотворните змии“ на Панагија  во селото Маркопуло  кои се појавуваат само неколку дена пред празникот Успение на Пресвета Богородица на 15 август во пресрет на празникот Преображение Христово, во црквата во Маркопуло. Црквата е наречена и „Panagia Fidousa“, што значи „Панагија на змиите“ од локалното население. Змиите се појавуваат на истото место  со години.  Враќање во хотелот . Ноќевање 3.

4 ден 03.05.2022  Вторник (Кефалониаја – Битола- Скопје)

Појадок. Заминување кон копно  за Астакос и  заминување кон Јанина и посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена: 179 Еур/11.098 MKD

Цена за уплата до 10.04.2022:   159 Еур/ 9,858,00 МКД

со можност за плаќање на 6 рати со кредитна картичка

Деца 2-12 години со 2 возрасни 99 Еур.

Цената на аранжманот вклучува:

    • Автобуски и бродски превоз на наведената релација
    • 3 ноќевања со појадок во хотел Poseidon Residence  4*  Spartia
  • Разглед на Кефалонија 2 дена
  • Организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети и влезници
  • Грчkа вечер со комплетно мени, неограничено вино, музика и танци 25 Еур
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Поаѓање од останати градови 10 Еур повратен трансфер
  • Време на поаѓање од останати градови:
  • 23:00 h Скопје (Дрводекор)
    23:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
    01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
    01:30 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
    02:00 h Битола (Пред спортска Сала)
    01.00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
    24:00 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
    23,30 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

Важат Општите услови на патување на СКТМ и ТА Ариес.

View More

Included/Excluded

  • Автобуски и бродски превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 4*
  • Разглед на Кефалонија
  • Организација и придружник на патувањето
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети и влезници
  • Грчkа вечер со комплетно мени, неограничено вино, музика и танци 25 Еур
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Поаѓање од останати градови 10 Еур повратен трансфер

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

from €179,00

You might also like