fbpx
from €0,00
Book Now

ЛЕТНА АЛПСКА ПРИКАЗНА

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ЛЕТНА АЛПСКА ПРИКАЗНА

КРАЊСКА ГОРА-ХАЛШТАТ-КЛАГЕНФУРТ-МИНИМУНДУС-ВЕЛДЕН

Бонус излет на БЛЕД!

(29.07.2022-02.08.2022)

Сите имаме желби, големи и мали…Некои ни се исполнуваат, некои не. Една од оние желби кои мислите дека нема никогаш да Ви се исполни е да го видите целиот свет. Ако не целиот , тогаш макар тоа што го одбележало минатото и оставило белег на сегашноста… Внимавајте што посакувате, желбите можеби ќе Ви се исполнат. Особено ако тргнете со нас на пат околу светот за само еден ден!

Прв ден: 29.07.2022 година (петок)

17:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 19:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон

Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 30.07.2022 година (сабота)

Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови. Сместување во хотел Ramada Resort” 4**** (hit-alpinea.si) во двокреветни соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало, перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.

Трети ден: 31.07.2022 година (недела)

Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која од 1997 година е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате… шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници во кои и сред лето се продаваат зимски крзнени капи, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото… Оние кои ќе сакаат да уживаат во оваа убавина ги оставаме во центарот на градот, а со останатите заминуваме во нова авантура. Имено, Халштат се смета за едно од најстарите населени места во Европа; развојот на целиот регион се поврзува со експлоатацијата на сол пронајдена во планината високо над градот, па еден од најголемите предизвици е разглед на најстариот рудник за сол кој вклучува возење со жичара и посебен дрес код при влез во окното. Во вечерните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
Четврти ден:
01.08.2022 година (понеделник)

Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед со локален туристички водич на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. Се простира на Врбското Езеро за кое е поврзана легендата за малото човече со буре во рака од кое тече вода, бидејќи се прикажува дека на местото на денешното езеро некогаш одамна постоел град. Според преданието жителите на овој град постеле. За време на една прослава се појавило мало човече кое им кажало дека не е дозволено за време на пост да прославуваат, но жителите не го послушале. Човечето се појавило уште два пати да ги предупреди, а третиот пат со себе донело буре полно со вода кое не се затварало… од него течела вода се додека целиот град не се потопил и така се создало езерото. Од тогаш низ улиците на целиот град има поставено споменици со неговиот лик. Се верува дека човечето носи среќа-легендата вели дека треба да го допрете за рака за да имате среќа на деловен план, а со фрлањето паричка во фонтаната шансите за среќа Ви се зголемуваат. Слободно време за прошетки низ градот, а потоа организирано заминување кон минијатурниот парк Минимундус направен од макети на најзначајните градби од целиот свет. Денес во него се наоѓаат повеќе од 150 макети во различна градба во размер 1: 25. Тука се Статуата на Слободата, Лондонскиот часовник, Ајфеловата кула, Операта во Сиднеј, Таџ Махал, Белата куќа, а „најголемата“ минијатура е модел од базиликата „Свети Петар“ во Рим. Целиот приход од паркот Минимундус се наменува за добротворни цели. Слободно време за прошетка низ паркот кој е единственото место каде е прикажан светот во мало. Во попладневните часови заминување кон Велден, едно од најпопуларните летувалишта во Австрија, со преубаво уредено крајбрежје и долги шеталишта кои се карактеризираат со отмен и аристократски стил. Слободно време за прошетки и кафе пауза. Во вечерните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање. Петти ден: 02.08.2022 година (вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи. Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови во среда на 03.08.2022 година.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………359 евра (22.260 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус

  • Три ноќевања со појадок во хотел Ramada Resort4**** во Крањска Гора

  • Користење на базенот во хотелот

  • Организирана посета на Клагенфурт и Велден со локален туристички водич

  • Влезница во Минимундус

  • Организирана посета на Халштат со локален туристички водич

  • Организирана посета на Блед

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Користење на wellness центарот во хотелот

  • Влезница во рудникот за сол во Халштат – 36 евра (со вклучен водич на хрватски јазик за група над 20 лица)

  • Туристичка такса во хотелот во Крањска Гора – 9 евра за трите вечери-(се плаќа во агенцијата)

  • Доплата за еднокреветна соба 80 евра

  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 11. јули 2022

View More

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

from €0,00

You might also like