fbpx
from 0 €
Резервирај

ЛЕТО 2022 БУДВА

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

 

…МЕДИТЕРАНСКИ ОПУШТЕНО НА ЈАДРАНСКО МОРЕ!!!

Будва, бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот(Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете.

20 ГОДИНИ ПО РЕД, ХИТ ПАКЕТ !!!

10 дена / 9 ноќевања + автобуски превоз

ТЕРМИНИ

ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ

I категорија

II категорија

19.06. – 28.06.2022

119 €

99 €

28.06. – 07.07.2022

139 €

119 €

07.07. – 16.07.2022

165 €

139 €

16.07. – 25.07.2022

185 €

159 €

25.07. – 03.08.2022

189 €

165 €

03.08. – 12.08.2022

189 €

165 €

12.08. – 21.08.2022

175 €

149 €

21.08. – 30.08.2022

149 €

129 €

30.08. – 08.09.2022

119 €

99 €

Поаѓањето е ден однапред од дадените термини: 18.06., 27.06., 06.07….од Скопје во 23.30 часот

( Прилеп 20.30ч, Кавадарци 21.30ч, Неготино 21.45ч, Штип 21.15ч, Велес 22.15ч )

Цените се изразени во евра по патник со вклучен автобуски превоз;

Туристичката такса не е вклучена во цената и изнесува 1 € по патник дневно (за деца 2-12 год. 0,5 €)

Деца од 2-12 год. со сопствен кревет 30% попуст; Деца од 2-12 год без сопствен кревет 50 % попуст;

I категорија е соба со сопствено купатило;

II категорија две соби делат едно купатило;

Доплата за еднокреветна соба е 70% од дадената цена за сместување;

Аранжманот вклучува приватно сместување во зависност од одбраната категорија во двокреветни и трокреветни соби на база 9 ноќевања и автобуски превоз;

Вилите се оддалечени 300 – 400 метри од Словенска плажа;

ПАКЕТ ВО РЕСТОРАН: 9 ПОЛУПАНСИОНИ ( ПОЈАДОК / ВЕЧЕРА )

ЦЕНА: 79 € (деца од 2-12 год. 39,5 €)

Рестораните се наоѓаат во круг од 50 – 100 метри од сместувањето;

Одбитокот за сопствен превоз е 10 евра по патник

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61,8 денари.

За овој аранжман важат општите услови за патување

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање. Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за исправноста на патните исправи.

Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.

За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи.

Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

Локација

од 0 €