from 0 review
Дневна Тура
Неодредено
___
Малдиви, службено Република Малдиви е островска држава во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1200 острови, групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 се населени, а 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е дивехи, индоевропски јазик сроден на сингалски, главниот јазик на Шри Ланка. Индустријата се темели врз туризам и риболов.
Малдивите се најмалата Азиска земја, како по површина, така и по бројот на жители. Главниот и најголем град на републиката е Мале, со преку сто илјади жители. Топло и чисто море и рајски плажи, недопрена природа и поволна клима, нудат одлични услови за незаборавен одмор. Секој остров претставува посебна приказна и се е подредено за уживање. Најчесто ги посетуваат младенци, познавачи на подводниот свет и нуркачи, љубителите на мир и романтични дестинации.