fbpx
from €0,00
Резервирај

8ми Март МИЛАНО (12-15 март)

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

МИЛАНО
12.03 – 15.03.2023 3 ноќи – 4 дена | Лет од Скопје
Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ден: 12.03: СКОПЈЕ – МИЛАНО Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Милано (лет бр:W6 7741) полетува во 19.00, слетува во 21.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.
2 ден: 13.03: МИЛАНО
Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети…Враќање во хотел со јавен превоз, индивидуално. Ноќевање.
3 ден 14.03: МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил заради развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, каkо што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано. Слободно време за индивидуални активности и “малку” шопинг во центарот на модата. Враќање во хотел индивидуално, со јавен превоз. Ноќевање.
4 ден 15.03: МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот.

ПАКЕТ АРАНЖМАН – МИЛАНО
Хотел 3*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 12.03.2023 – 15.03.2023
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 12.03.2023 – 15.03.2023

УСЛУГИ 3BB
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 3Н / 4Д
Цена по лице во двокреветна соба 445€ / 27.590мкд
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 20. Јануари 395€ / 24.490
Доплата за еднокреветна соба 100€ / 6.200мкд
Попуст за трето лице -20€ / -1.200мкд

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување на АУРОРА ТУРС се составен дел од овој аранжман
Во цената е вклучено :
• Авионски превоз на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со WizzAir
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)
• Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
• Сместување во хотел 3 * во Милано на база 3 ноќевања со појадок
• Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено :
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Посета на Лугано и Комо 80 евра
• Туристичка такса 740 мкд – (се плаќа во агенција )
• Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
• Задолжително патничко осигурување
• Доплата за багаж:
– Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.) 2.400 мкд.
– Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.) 3.900 мкд.
– Чекиран куфер (1 куфер до 26 кг.) 4.150 мкд.
– Чекиран куфер (1 куфер до 32 кг.) 4.550 мкд.
– WIZZ Priority + 1 small bag 2.300
*цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и
други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските
билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже
аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на
факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните
во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во
агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето

 

Маршута

Вклучува/Не вклучува

Локација

од €0,00

Можеби ќе ви се допадне