from 0 review
2 ноќи/4 дена
Specific Tour
Unlimited
___
31.12.2021 – Планирано време за поаѓање према Белград 01:30 часот од Битола, попатно организирани се поаѓања од повеќе градови од Македонија(Прилеп,Велес,Скопје и Куманово). Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Белград околу 11 часот, сместување во хотел и кратка пауза за одмор. Во договорено време со локалниот водич се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан – Калемегданската тврдина, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва, Булевар Револуција, Собранието, како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. По разгледите се враќаме во хотел да се одмориме и да се спремиме за дочекот на НОВА ГОДИНА – ние како агенција ви нудиме незаборавен дочек на БРОД со крстарење по ДУНАВ И САВА околу 3 саати.
ЗАБАВАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 21 и 30 се до раните утрински часови… Бодот располага со ресторан каде ќе има музика во живо, неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни домашни пијалоци (коњак, пелинковац, вотка, ракија, вињак, пиво, црвено и бело вино, газирани и негазирани пијалоци, вода), новогодишна вечера ( пршута, печење, пилешко филе, гурманска плескавица, витаминска и сезонска салата, десерт)…
Патниците кои не доаѓаат ќе имаат можност да ја прослават новогодишната ноќ на плоштад каде секоја година се организирани забави со различна музичка програма.
Ноќевање.
01.01.2022 – Појадок. Слободен ден за прошетки низ Белград или посета на трговски центар. Ноќевање.
02.01.2022- Појадок. Одјавување од хотел околу 08:30 часот. Планирано факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Македонија.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СОБА:
109 еу хотел со појадок, соба 1/2
99 еу хотел со појадок, соба 1/3
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – Пакет цена – 25 еу
Важно