from 0 review
2 ноќи/4 дена
Specific Tour
Unlimited
___
1.Ден 30.12.2021 – Организиран превоз од повеќе градови. Планирано поаѓање од Битола и Скопје во 23:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2021 – Пристигнување во Црна гора во утринските часови, попатно застанување на видиковец кај Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Поаѓање према Будва. Сместување во апартмани. Во договор со водич се посетува стариот град во Будва. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА на плоштад. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2022 –После дочекот на најлудата ноќ ќе имате доволно слободно време да се одморите. Во пладневните часови постои можност да го посетите градот КОТОР. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Во договорено време состанок со групата и враќање во Будва. Вечерта втора реприза на плоштад со бројна музичка програма. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2022 – Одјавување од апартманите во 08 часот. Поаѓање према Херцег Нови, околу час и половина имаме возење со автобус и траект во градот кој ќе ве освои на прв поглед. Според легендата многу одамна неколку рибари ја спасиле самовилата Акима, која во знак на благодарност го благословила градот и посакала во него постојано да цветаат цвеќиња. Така, кога цела Црна Гора е под снег, во јануари и февруари во Херцег Нови цветаат мимози. Околу 2 сати ќе бидеме во Херцег Нови па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет, едноставно ќе уживате во новогодишниот амбиент. Во договорено време враќање во Будва. Собир со патниците кои не доаѓаат на факултативата. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 69 еу
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
Важно
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување