from €169,00
Book Now

Нова Година Загреб

Not Rated

Duration

2 ноќи/4 дена

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

1 ден (30.12.2021) четврток:  Македонија – Загреб
Состанок на групата пред спортска сала „Боро Чурлевски“ во 17:00 ч. Заминување од Битола во 17:30 ч. , попатнo Прилеп (бензиска Лук Оил ), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал),  Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници.
Продолжување на патот преку Србија, царински формалности, попатни одмори, ноќно возење.

2 ден (31.12.2021) петок: Загреб
Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за сместување во собите и краток одмор за освежување. Следи разглед  на центарот на градот и почеток  на пешачката тура со професионален локален туристички водич: Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век) каде е  и стартот на најкратката жичара во Европа  и каде секој ден во 12:00 се пука од топ,  Железната врата која е еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) ќе бидат само дел од нашите попатни станици во склоп на градската тура во централниот дел на хрватскат метропола. Турата завршува кај малата фонтана, некогашен извор на лековита вода на десетина метри од главниот плоштад и трамвај станицата (времетраење на турата, околу 90 минути). Враќање во хотелот, во попладневните часови,слободно време и припрема за дочек на најлудата ноќ.
Предлог локација за дочек на Новата Година е централниот плоштад Бан Јелачиќ,
со концерт во живо на популарни хрватски изведувачи и бендови. Ноќевање

ден (01.01.2022) сабота: Загреб
Појадок. Слободен ден за истражување на убавините на  Загреб и понудата која изобилува со разни настани за сите генерации и вкусови. За време на адвентот кој е посетен од десетици илјади гости од цела Европа и светот, ќе пронајдете безброј штандови на кои се нудат разни домашни и традиционални пијалоци и храна, сувенири и сл. Секојдневно, на различни локации (главниот плоштад Бан Јелачиќ, Плоштадот на Европа, Паркот Зрињевац, Паркот Максимир, Октогонот….) се одржуваат концерти на отворено, театарски претстави, хорски изведби на божиќни песни, куклени претстави, магионичарски трикови и шоу програми. Доцна попладне,враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден (02.01.2022) недела: Македонија
Појадок. Во претпладневните часови напуштање на хотелот и упатување кон најголемиот шопинг центар во овај дел од Европа( West Gate shopping city), кој се наоѓа на само неколку километри од нашиот хотел. Слободно време за шопинг и разглед. 14:00ч  е предвидено време за поаѓање кон  Македонија. Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.

5 ден (03.01.2022) четврток: Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола…

Цена по лице: 169 € 


Во цената Е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
поаѓање од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово (без доплата)
2 ноќевања со појадок во хотел I 3*
Разглед на Загреб со професионален водич
Посета на Christmas market (Advent Zagreb 2021)
Придружник од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено
Повратен трансфер од Охрид, Струга, Кичево доплата 5 € по лице,
Влезници за музеи и културно – историски споменици
Патничко осигурување (задолжително е)
Неспомeнати услуги
Личен трошок на патниците

Важни забелешки, напомени !
Според последните правила и регулативи кои ги има донесено Република Хрватска, а се поврзани со влез во земјата, одобрени и прифатени се  вакцините : Pfizer, Moderna, AstaZeneca, Gamaleya, Sinopharm,Janssen/Johnson&Johnson.

Патниците кои се вакцинирани со вакцините Синовак и Спутник, како и за сите останати, дозволен е влез со антиген/брз тест, кој не смее да биде постар од 48 часа од денот на влегување во земјата.
Во случај на измени, патниците ќе бидат навремено информирани.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност.
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување се применуваат и општите услови на патување.

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

Created with Sketch.
from €169,00

You might also like