fbpx
from €0,00
Резервирај

8ми Март Нови Сад-Сремски Карловци (09-12 март)

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

НОВИ САД

09.03.2023-12.03.2023

ДЕН 1. 09.03.2023 Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил Охрид во 19:30. Поаѓање за Нови Сад во 20:00. Патот води преку Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје и граничен премин Табановце. Патниците од Битола , ќе имаат трансфер до Кичево.Ноќно возење со попатни паузи.

ДЕН 2. 10.03.2023 Пристигнување во Нови Сад во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Петроварадинска тврдина – втора по големина во Европа, вистинско ремек дело во системот на фортификација. Тунелот низ кој поминувал познатиот воз Ориент Експрес, силни ѕидови кои не се спротиставуваат на времето, мински полиња, пијан сат …. се само дел од атракциите на оваа мистериозна тврдина. Потоа следи панорамски разглед на Нови Сад каде што ќе имаме можност да го видеме универзитетскиот град, куќата во која живеел најпознатиот новосадски зет Алберт Ајнштајн со својата сопруга Милева Марич Ајнштајн, фудбалскиот стадион, каде што често се вжештува атмосферата, најпознатиот новосадски пазар „Футај“, модерните булевари и уште многу повеќе. Потоа следи кратка пешачка тура со посета на најубавиот историски дел кој го красат: централниот градски плоштад Слобода со впечатливи градби, најстарата куќа во градот „ Кај белиот Лав“, Владичкиот двор со Соборната Црква, главното градско шеталиште Змеј Јовина и Дунавска улица, зелената оаза на мирот Дунавски парк … Пауза за слободно време. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Во 20:00 ч. организирана свечена вечера во ресторан, со богато мени и тамбураши. Ноќевање.

ДЕН 3. 11.03.2023 Појадок. Во 09:30 поаѓање за Палич и Суботица . Посета на напознатата винарија во Србија, винаријата Звонко Богдан проследено со интересна приказна и дегустација на вино. Потоа следи посета на Палич – езерото, раскошните паркови, необични градби од почетокот на XX век , нескојдневниот мир и тишина го прават Палич идеално место за одмор и релаксација. По разгледот на Палич се упатуваме за шармантната Суботица, каде што ќе имаме пешачки разглед на градот проследено со интересна приказна и посета на Корзо – познато шеталиште кое потсеќа на некое минато време, плоштад Слобода, Градската куќа која претсавува симбол на градот, споменикот на царот Јован Ненад, народен театар, градска библиотека, Синагогата која претставува право ремек дело, познатата Сина фонтана – бисер на градот и оаза на свежината и релаксација, палата Рајхл… После разгледот слободно време во центарот на градот за индивидуални активности (можност за организирана посета на Салаш). Пристигнување во Нови Сад околу 18:00ч. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4. 12.03.2023 Појадок. Одјавување од хотел. Во 10:00 поаѓање за Сремски Карловци, живописното гратче со прекрасно културно наследство. Туристички разглед на градот во кој се наоѓа најстарата гимназија, како и најстарата богословска школа со прв оддел пчеларство во Европа. Посета на позната винарија, каде што ќе имаме дегустација на вино Бермет, десертно вино и можност за да купување на истото. После кратка пауза патот продолжува за Белград. По пристигнувањето во Белград – главниот град на Србија, сместен на местото каде силниот Дунав ја љуби дивата Сава, на граница помеѓу исток и запад, на местото каде се судирале цивилизациите, рушен до темел десетици пати, денес е центар кој го посетуваат сите љубители на гастрономија, култура и ноќен живот. Посета на величенствената Свети Сава – најголемиот православен храм на Балканот, потоа се упатуваме кон Кнез Михаилова – пешачка зона, трговски центар и улица заштитена со закон како едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград, со голем број претставителни згради и урбани куќи изградени кон крајот на 70- тите години на XIX век. Планирано поаѓање за Македонија во 17:00ч. Пристигнување во Охрид во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8400 мкд

Со резервација до 16/01 : 7900 мкд

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на дадена релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

  • Разглед на Пертоварадинска тврдина со локален туристички водич

  • Разглед на Нови Сад со локален туристички водич

  • Посета на Сремски Карловци и разглед на градот со локален туристички водич

  • Посета на Белград со разглед на Свети Сава и Кнез Михаилова

  • Организација и водство на аранжманот

Цената не вклучува:

  • Организирана свечена вечера во ресторан со богато мени и тамбураши – 25 €

  • Посета на Палич, Винарија Звонко Богдан и Суботица со вклучен ручек – 30 €

  • Јавање на коњи со инструктор и возење на фијакер на салаш во Суботица – 5 €

  • Патничко и здравствено осигурување

  • Индивидуални трошоци

Напомена: Калкулацијата е правена на минимум 40 патници. Со оглед на постојаните покачувања на цените на пазарот, агенцијата го задржува правото за промена на цената!

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

Локација

од €0,00

Можеби ќе ви се допадне