fbpx
from €489,00
Book Now

ПАРИЗ – 11.Октомври

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

09.oктомври (недела)  СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 09:30 часот. Полетување за Париз во 11:45 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот “Боувез” во 14:40 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, Ноќевање.

10.oктомври (понеделник) ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Враќање во Париз. Ноќевање.

11.октомври (вторник)  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило. Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”. Навечер, можност за индивидуална посета на “спектакл“ програма во познатите кабареа во Париз “Moulin Rouge”, “Crazy Horse” и други. Ноќевање.

12.октомври (среда)  ПАРИЗ – Лувр /  Ајфелова Кула / Крстарење по Сена
Појадок. Mожност за факултативна индивидуална посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
13.октомври (четврток)  ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности…Трансфер до аеродромот “Бовез”. Лет за Скопје во 16:00. Пристигнување во Скопје во 18:40ч.

Цена на аранжманот:   
Standard – пакет со вклучен панорамски разглед = 489 € (30.318,00 мкд)
Superior – пакет со вклучена посета на Версај = 555 € (34.410,00 мкд)

Вo цената на аранжманот е вклучено: 
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со Wizz Air)
– Аеродромски такси
– Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Ibis La Defence***, на база 4 ноќевања со појадок,
– Туристичка такса за сместување
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (17€-27€)
– Kрстарење по Сена, билет (16€)
– Посета на Лувр, влезница (17€)
– Посета на Версај (за пакет Standard) превоз, резервација, водич и влезница: (75€) *уплата при резервација во агенција
– Превоз со метро
– Посета на забавниот парк Дизниленд.
– Патничко здравствено осигурување
– Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €489,00

You might also like