from 0 review
Дневна Тура
Неодредено
___
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
Термин 20 Maj
1 ден 20.05.2022: СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот 12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи
2 ден 21.05.2022: ПРАГА:
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден 22.05.2022: ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Предлагаме посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки… Ноќевање
4 ден 23.05.2022: ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден 24.05.2022 : СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра / 8.000 денари
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
НАПОМЕНИ
# | Discount group | From adult | To adult | Value |
---|---|---|---|---|
1 |