Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Организиран трансфер од Битола,Прилеп,Кавадарци,Неготино и Велес.
Во цената не е вклучено:
– Разглед на прага со локален водич -10 евра
– Факултативен излет на Карлови Вари -25 евра
– Крстарење по реката Влтава -15 евра
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За ова патување задолжителен е сертификат за вакцинација (примени две дози)
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.