fbpx
from €209,00
Book Now

Прага Нова Година/ АВТОБУС

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

28/12/2022 02/01/2023

Прага Нова Година – Програма на Тура
Ден 1

СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА

Состанок на групата во Скопје во претпладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Ден 2

ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 3

ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Разглед на градот со локален водич: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј. Враќање од Дрезден кон Прага. Вечерта, крстарење по Влтава (факултативно) каде ќе имате можност да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

Појадок. По појадокот, предлагаме посета (факултативно) на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видите топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Вечерта Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.

Ден 5

ПРАГА – ВИЕНА – УНГАРИЈА

Појадок. По појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00ч. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за прошетка. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.

Ден 6

СРБИЈА – СКОПЈЕ

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во пладневните часови.

ЦЕНА ЗА 3 НОЌЕВАЊА : 189 Еур. (11.718 мкд.) – за уплати до 15.11.2022
РЕДОВНА ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 209 Еур. (12.958 мкд.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со  туристички автобус,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага (околина) –  3 ноќевања со појадок,
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето
  • Разглед на Виена
  • Организација и реализација на патувањето

Во ценета на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич – 15 €,
  • Крстарење по Влтава – 20€,
  • Целодневна посета на Карлови Вари  -35€,
  • Целодневна посета на Дрезден – 40€,
  • Туристичка такса 2 евра по лице од ден (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување.
  • Влезници во објекти

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
View More

Itinerary

Included/Excluded

  • Превоз со  туристички автобус,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага (околина) –  3 ноќевања со појадок,
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето
  • Разглед на Виена
  • Организација и реализација на патувањето
  • Панорамски разглед на Прага со локален водич – 15 €,
  • Крстарење по Влтава – 20€,
  • Целодневна посета на Карлови Вари  -35€,
  • Целодневна посета на Дрезден - 40€,
  • Туристичка такса 2 евра по лице од ден (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување.
  • Влезници во објекти

Tour's Location

from €209,00

You might also like