fbpx
from €0,00
Book Now

ПРВИ МАЈ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ (Целодневно крстарење низ Бокакоторскиот Залив) (29.04.2022 – 02.05.2022)

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Прв ден: 29.04.2022 (петок)

21:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 30.04.2022 (сабота)

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрамисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во апартмани „Спорт“ во Игало. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.

Трет ден: 01.05.2022 (недела)

Појадок. Денот е резервиран за првомајско крстарење низ Бокакоторскиот Залив. Најпрво правиме обиколка на островот Мамула кој се наоѓа на водената граница меѓу Хрватска и Црна Гора помеѓу полуостровите Превлака и Луштица. Во 19. век намесникот на Австро-унгарската Далмација, генерал Лазар Мамула наредил на островот да се изгради одбрамбена тврдина со пречник од 200 метри и висина од 16 метри. За време на Првата Светска Војна Австријците ја користеле тврдината како затвор, а за време на Втората Светсја Војна Италијанските фашисти од овој затвор направиле концентрационен логор каде Црногорците биле жестоко мачени. Потоа заминуваме кон Пераст, мал град кој се наоѓа на местото каде се разделуваат Бокакоторскиот и Рисанскиот Залив. Градот се издвојува со живописната архитектура, а со својата убавина ги привлекува модерните морепловци, уметниците и патниците кои се во потрага на убавина и мир. Тука се наоѓа малото камено островче Госпа од Шкрпеља и црквата во која освен големиот број уметнички дела има и икона на Госпа од Шкрпеља. Но она што го привлекува вниманието на сите посетители е необична таписерија која цели 25 години ја изработувала извесна Јанцита Куниќ чекајќи го својот сопруг да се врати од пловидбата. Во таписеријата се наоѓаат вткаени и прамени од нејзината коса, златни од времето на нејзината младост и сребрени од годините кога таа остарела. Потоа го продолжуваме крстарењето низ заливот се до атрактивното излетничко место на кое се наоѓа плажата Жањиц. Слободно време за уживање на една од најубавите плажи на Херцегновското приморје. Организиран ручек. Во попладневните часови враќање во апартманите. Слободно време за индивидуални прошетки низ Игало и Херцег Нови. Ноќевање.

Четврти ден: 02.05.2022 (понеделник)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови напуштање на апартманите и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………99 евра (6.140 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Превоз со туристички автобус на наведената релација

Две ноќевања со појадок во апартмани „Спорт“ во Игало

Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

Целодневно крстарење по Бокакоторскиот Залив со ручек на бродот

Влезница во црквата Госпа од Шкрпеља во Пераст

Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Туристичка такса – 1 евро по лице на ден (се плаќа во агенцијата)

Патничко осигурување

За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Последен рок за пријавување: 11. Април 2022 година

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €0,00

You might also like