from 0 review
Дневна Тура
Неодредено
___
РИМ – ВАТИКАН
БАРИ – НЕАПОЛ
Сите патишта водат во РИМ Вечниот Град кој е музеј на отворено за милионите туристи кои го посетуваат. Седиштето на “светата столица” – Ватикан е во самото срце на Рим, каде се наоѓа најголемиот христијански храм во светот – ”Св. Петар”, седиште на сите цркви.
08.03.2023 Поаѓање на групата во 15 ч се патува преку Игуменица за Бари. Поаѓање во 23 ч со брод од Игуменица за Бари (Италија).
09.03.23 Пристигнување во Бари во утринските часови и посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат моштите на православниот светец.Продолжување за Рим.Попладнето разглдеување на Рим со локален водич: Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на цар Трајан, Капитол, плоштадите Венеција и Еспанија, Шпанските скали, Фонтана Ди Треви… Сместување во хотел кај Рим. Ноќевање.
10.03.23 Појадок. Факултативно разгледување на Ватикан со локален водич: Ватикан -ските музеи, цр Св. Петар, Сикстинската Капела…Факултативна посета на паркот Тиволи-со влез во вила Де Есте.Слободно попладне во центарот на Рим..Потоа посета на трговски шопинг центар и враќање вo хотел. Ноќевање.
11.03.23 Појадок. Поаѓање за Неапол,разгледување на знаменитостите на градот: Кралската палата, плоштадот и црквата Сан Франческо Ди Паола,најстариот активен театар Сан Карло,замоците Кастел Нуово и Кастел дел Ово….Продолжување за Бари,од каде вечерта се поаѓа со брод за Игуменица.
12.03.23 Рано утрото пристигнување во Игуменица, а во Македонија во пладневните часови.
.Цена: 14900 ден.,за резервации до 10.02.2023; Потоа =15900ден.
Во цената е пресметано:
превоз со туристички автобус на дадената релација
превоз со брод Игуменица – Бари на “DECK” и бродска такса
сместување во хотел со 3* – 2 нокевања со појадок кај Рим
разгледување на Рим со локален водич
попатни посети на Бари и Неапол
организација и придружник на екскурзијата
Во цената не е пресметано:
задолжително здравствено патничко осигурување – без франшиза – 300 денари
превоз, влез и разглед со слушалки на Ватикан со локален водич – 30 евра
превоз и влез до вила Де Есте во паркот Тиволи – 20 евра
доплата за кабина Игуменица-Бари: 30 еур по лице во 1/4 кабина, 40еур во 1/3 и 55еур во 1/2 кабина во 1 правец (плаќање при резервацијата во Т. А.)
влезници за културно – историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2023 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.