fbpx
from €109,00
Book Now

САРАЕВО И МОСТАР 8 ДЕКЕМВРИ

Not Rated

Duration

2 ноќи

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Програма

Ден 1: 08.12.2022 (четврток)
    Состанок на групата во 19:30 ч. Поаѓање кон Босна и Херцеговина во 20:00 ч. од Дрводекот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и цариснки формалности.
Ден 2: 09.12.2022 (петок)
    Пристигнување во Сараево во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, џамијата Гази Хусрев Бег и Царската џамија, Башчаршија – Старата турска чаршија која датира од 15-от век, мостовите… Во договорено време се упатуваме кон хотелот. Се сметуваме. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка. Во вечерните часови можност за посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.
Ден 3: 10.12.2022 (сабота)
    • По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.
    Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање.
Ден 4: 11.12.2022 (недела)
    • По појадокот, се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Врело Босна. По посетата се упатуваме кон тунелот на надежта – Тунел Спаса. Цели четири години овој тунел долг 800 метри бил единствената поврзаност на градот со надворешниот свет. Во пролетта 1992 година, кога српските сили го опколиле Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина и почнале да го бомбардираат со артилериски и снајперски оган, околу триста илјади граѓани се нашле во заробеништво. Биле блокирани сите пристапни патишта до градот со што се намалиле испораките на храна и лекови. Исто така немало вода во градот, електрична енергија и греење. Бидејќи луѓето гладувале ОН преговарале со Србите и го обезбедиле аеродромот за да може да се донесе хуманитарна помош. Но, сепак оваа помош не била доволна за целото население. Жителите на Сараево не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија.
    По посетата на тунелот Спаса, се упатуваме кон посета на Вишеград — град што се наоѓа во котлина долж течението на реката Дрина, во источниот дел на Република Српска (БиХ). Во градот се наоѓа мостот опишан во книгата на Иво Андриќ – „Мостот на Дрина“, изграден од Мехмед Паша Соколовиќ. Можност за факултативно крстарење по Дрина. Во договорено време поаѓање кон Македонија.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 ЕВРА за уплати до 05.11.2022

РЕДОВНА ЦЕНА 109 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во Hotel 4* во Сараево
– Разглед на Сараево со локален водич
– Посета на Вишеград
– Организација на патувањето и пратител
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Куманово

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Крстарење по Дрина во Вишеград – 5 евра 

– Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
– Посета на Тунелот Спаса – 15 евра
– Туристичка такса 2 евра по лице
– Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Се патува со лична карта или пасош
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници

View More

Itinerary

Included/Excluded

  • - Превоз со високотуристички автобус
  • - 2 ноќевања со појадок во Hotel 4* во Сараево
  • - Разглед на Сараево со локален водич
  • - Посета на Вишеград
  • - Организација на патувањето и пратител
  • - Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Куманово
  • - Крстарење по Дрина во Вишеград - 5 евра
  • - Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар - 30 евра
  • - Посета на Тунелот Спаса - 15 евра
  • - Туристичка такса 2 евра по лице
  • - Патничко осигурување

Tour's Location

from €109,00

You might also like