from €0,00
Book Now

Сејшели од Белград

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Ариес, Ве носи на Сејшели (Seychelles). Десет дена тропски рај каде ќе уживаме во најмекиот бел песок и во тиркизното пространство на Индискиот океан! Патувањето и доживувањето на Сејшели ќе го комплетираме со највкусните традиционални јадења и купување на рачни уметнички изработки и накит.

Ќе го научиме традиционалниот танц Сега, ќе се препуштиме на ритамот и ќе уживаме во енергијата на островот.

Сместени сме на најголемиот остров, Махе (Mahe).

Ќе го посетиме главниот град Викторија (Victoria) и ќе уживаме на најубавите и најфотогенични плажи на светот – Port Launay, Anse Major, Anse Lazio, Anse Source d’Argent, ќе уживаме во вкусот на најдобриот рум на светот во Такамака и ќе го посетиме Праслин (Praslin), еден од најубавите острови на светот и La Dique каде одблизу се запознаваме со неверојатната природа на овие гранитни и корални острови, џунглите, растителниот и животинскиот свет.

Посети вклучени во цената на аранжманот:

Посета на главниот град Махе (Mahe) – Viktoria City Tour

Takamaka дестилерија на рум

Видиковецот Eden

Националниот парк Morne

Port Glaud lagoon

Плажата Port Launay

Плажата Petite Anse

Плажата Anse Royale

Плажата Anse Soleil

Плажата Anse Intendance

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Африка, Сејшели

Видови патувања
Далечни дестинации

План и програма

1 ДЕН. Состанок на групата и поаѓање

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла” два часа пред летот. Одиме на исток во пресрет на Индискиот океан. Лет од Белград во 20:20ч. (TK1084) со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 23:10ч. по локално време

Превоз
Авионски билет со сите такси на релација Белград – Истанбул, во економска класа
Место
Белград
Истанбул

2 ДЕН. Пристигнување на Сејшели

Лет од Истанбул за Сејшели во 01:55ч. (TK748). Пристигнување во Махе во 11:00ч. по локално време. Добредојдовте во тропскиот рај! Трансфер до сместување. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индискиот океан, околу 1600км. од источниот брег на Африка. Најголемите острови се Mahe, Praslin и La Digue, со многубројни помали островски групи. Заради својата греографска положба, островите се под тропска клима во текот на целата година. Прекрасни плажи, нереални бои, тропски растенија и насмеани луѓе.

Превоз
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Махе, во економска класа
Трансфер од аеродром до сместување
Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе

3 ДЕН. Разгледување на главниот град, видиковец EDEN, дестилеријата Takamaka , и плажата Anse Royale

Разгледување на островот Махе, дестилеријата Takamaka, видиковецот Eden и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Разгледувајќи го градот ќе уживаме во шареноликиот призор кој го прават камените и дрвените куќи од раниот 20ти век благодарение на живописните фасади, капаци и балкони. Викторија има два главни центри од кои еден е сместен околу саат кулата- реплика на кулата со часовник на мостот Vauxhall во Лондон и претставува симболот на Сејшели. Другиот центар е околу пазарот Sir Selvin Selvin Clarke кој е оддалечен околу 5мин пешки од саат кулата. Овој пазар претставува вистинско доживување да се посети, особено во сабота наутро. Риба, зачини, егзотично овошје… На самиот пазар се наоѓа кафуле во кое опуштено може да седите и да ги впивате интензивните бои, мириси и вкусови додека уживате на појадок или закуска. Едно од најпосетените, најфотографираните и омилените места на Сејшели е шарено украсениот хиндуистички храм посветен на богот Vinaiagar. Оваа живописна градба се наоѓа на улицата Куинси (Quincy street) изградена во 1992 година и служи храм за околу 5000 хиндуси кои живеат во Викторија. Следната станица ни е видиковецот Eden, од каде се пружа прекрасен поглед на Викторија, а потоа продолжуваме кон Такамака дестилеријата каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот сејшелски рум. Остатокот од денот ќе го поминеме на една од бајковитите плажи на Сејшели – Anse Royale, каде ќе уживаме и ќе ги направиме најдобрите фотографии. Враќање во сместувањето.

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1

4 ДЕН. Националниот парк Morne , Port Glaud Lagoon и плажата Port Launay

Разгледување на наголемиот национален парк на Сејшели – Morne, каде ќе уживаме разгледувајќи ја локалната флора и фауна и ќе уживаме во спектакуларните видиковци на островот. Потоа продолжуваме до најубавите плажи на Махе – Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во залезот на сонцето. Враќање во сместувањето.

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1

5 ДЕН. Разгледување на најубавите плажи на островот  Petite Anse, Anse Soleil , Ans Itendance

Ден посветен за уживање на најубавите плажи на Сејшели! Прва станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil и Anse Intendance. Се капеме, се сончаме и уживаме во вкусните локални специјалитети и коктели во beach bar-овите. Враќање во сместувањето.

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1

6 ДЕН. Факултативен излет: Островите Praslin  La Digue

Целодневен факултативен излет – Praslin и La Digue. Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров Praslin, втор по големина на Сејшели каде ќе го посетиме националниот парк Valle de Mai познат по палмите Coco de Mer кои се познати по најголемите и најтешки плодови на светот. Valle de Mai е исто така познат по реткиот вид на црн папагал. По разгледување на Praslin се враќаме на бродот и продолжуваме со крстарење до La Digue. По пристигнувањето уживаме во вкусен ручек во еден од рестораните на островот. Овој остров го сочувал традиционалниот начин на живот и денес може да го разгледате со велосипед, пеш или со отворени камионети. Посетуваме една од најубавите плажи Anse Source d’Argent позната по спектакуларните гранитни карпи. Уживање во нереалната природа околу нас. Враќање во сместувањето.

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1
Факултативни излети
Praslin и La Digue

7 ДЕН. Факултативен излет: Плажата Anse Major

Слободен ден или факултативен излет – посета на една од најубавите плажи на Махе – прочуената Anse Major. Уживање во брановите, прекрасниот песок, пливањето и сончањето. Враќање во сместувањето.

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1
Факултативни излети
Плажата Anse Major

8 ДЕН. Слободен ден за уживање на Сејшели

Слободен ден за уживање и одмор на прекрасните плажи на Сејшели.

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino или Guest house 1 ноќ

Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1

9 ДЕН. Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓање

Напуштање на собите во претпладневните часови и слободно време до поаѓање. Трансфер до аеродром и лет за Истанбул во 22:05ч. (TK749).

Превоз
Трансфер од сместувањето до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Махе – Истанбул, во економска класа
Место
Остров Махе
Храна
Континентален појадок (хотел) × 1

10 ДЕН. Враќање и крај на патувањето:

Пристигнување во Истанбул во 04:45ч по локално време. Лет за Белград во 07:40ч. (TK1081). Пристигнување во Белград во 08:20ч. Крај на патувањето.

Превоз
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Белград, во економска класа
Место
Истанбул
Белград

 

Поаѓања и цени:
10/01 до 19/01 , 10 денови , цена 1390 еур
Цени и услови

Сместување

Budget сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.390,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.290,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.10.2021.

1.190,00 EUR

Сместување

Comfort сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.590,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.490,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.10.2021.

1.390,00 EUR

17/01 до 26/01 , 10 денови , цена 1390 еур
Цени и услови

Сместување

Budget сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.390,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.290,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.11.2021.

1.190,00 EUR

Сместување

Comfort сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.590,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.490,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.11.2021.

1.390,00 EUR

26/01 до 04/02 , 10 денови , цена 1390 еур

Цени и услови

Сместување

Budget сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.390,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.290,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.10.2021.

1.190,00 EUR

Сместување

Comfort сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.590,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.490,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.10.2021.

1.390,00 EUR

04/02 до 13/02 , 10 денови , цена 1390 еур
Цени и услови

Сместување

Budget сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.390,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.290,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.10.2021.

1.190,00 EUR

Сместување

Comfort сместување

Што е вклучено

Регуларна цена

1.590,00 EUR

First Minute Важи за пријави до 10.11.2021.

1.490,00 EUR

Промо цена Важи за пријави до 10.10.2021.

1.390,00 EUR

Што е вклучено

Сместување

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino Пример или Guest house Пример 7 ноќи

Превоз
Авионски билет со сите такси на релација Белград – Истанбул, во економска класа
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Махе, во економска класа
Трансфер од аеродром до сместување
Трансфер од сместувањето до аеродром
Авионски билет со сите такси на релација Махе – Истанбул, во економска класа
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Белград, во економска класа

Храна

7 × Континентален појадок (хотел)

Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€, Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 3 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro..
Препорачуваме рано пријавување на патници поради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 15 дена пред патувањето да достават фотокопија од визата.

Факултативни излети
Praslin и La Digue

Цена: 200,00 EUR

Денот го започнуваме до утринско крстарење до соседниот остров Праслин, втор по големина на Сејшели каде ќе го посетиме Valle de Mai. Valle de Mai е “срцето на Праслин” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години е висок 27м со совршено исправено стебло и лепезасти листови.  Женските стебла произведува плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат. По разгледувањето на Праслин, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи и да бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L’Union Estate, се наоѓа Anse Source D’Argent – најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна.

Во цената е вклучено: трансфери според предвидениот план и програм, ручек, локален водич на англиски јазик, влезница во Vallee de Mai.

Плажата Anse Major

Цена: 50,00 EUR

Anse Major е една од најубавите плажи на Махе. Залив на северот на островот со две прекрасни бели корални плажи и слатководна лагуна. Плажата е мала, но прекрасна, со неколку палми и многу вегетација. Во водата може да влезете било каде долж песочната плажа, а гребенот во близина на плажата е погоден за нуркање. Овде може да видите најразлични видови риби кои се вбројуваат во најживописните видови кои живеат околу Махе. Факултативниот излет ќе се организира во попладневните часови.

Цената на излетот вклучува: трансфер по предвидениот план и програма, локален водич на англиски јазик.

Сместување Guest house
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместувачки објект типичен за подрачјето на Јужна и Југоисточна Азија. Собите се во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот се наоѓа на островот Махе во заливот Beau Vallon. Од аеродромот во Махе е оддалечен 15км, а од главниот град Викторија околу 5км. Во близината има ресторани и продавници.

Вебсајт https://www.berjayahotel.com/mahe/gallery/photos.html

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

Created with Sketch.
from €0,00

You might also like