fbpx
from 89 €
Резервирај

Ski opening 2021 Копаоник

Jolly Kop Apartmani, 119a, Kopaonik, Serbia
Нема оценки

Времетраење

4 дена , 3 ноќи

Тип

Дневна Тура

Големина на група

4 people

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

Како и секоја година новата ски сезона 2021/2022 на Копаоник, започнува во декември. Отворањето на ски центарот е во  период од 09-12 декември 2021година. Прв пат е одржана 2010 година, со цел на симболичен начин да се одбележи отворање на ски сезона. Секоја година привлекува се повеќе гости од целиот регион. Омилен зимски центар помеѓу помладата популација поради добрата забава и богатиот ноќен живот. Забавата во текот на четирите дена ги загрева сите скијачи со многубројни промоции, модни ревии на отворено како и целодневна забава со популарни бендови и DJ-и.

Првите денови од сезоната поминете ги на снегот во скијање, бордање, санкање, ски натпревари, наградни игри, модни ревии.

Копаоник е најголем ски центар во Србија и е еден од најубавите во овој дел со просечно 160 дена под снег, од крајот на ноември до првите мајски денови. Заради поволната клима со скоро 200 сончеви денови годишно, го заслужува своето второ име – Сончева планина.

Освен спортот и традицијата и вкусната кујна е она што ги привлекува туристите во Копаоник.

Копаоник нуди преку 62 км уредени патеки за алпско и нордиско скијање. Поседува и уреден snow-board парк, за најмладите е изграден нов, современ, обезбеден простор со подвижна трака и карусел, 24 жичари и ски лифтови со капацитет од преку 33.000 скијачи на саат (3 шестоседни жичари, 7 четвороседни, 4 исклопиви четвороседни со голема брзина и 3 фиксни четвороседни со подвижна трака, 2 двоседни жичари и 12 ски лифтови.

ЈollyKop Apartments е планински комплекс кој вклучува ресторан и нуди апартмани и студија сместени на планината Копаоник, 1.350 m надморска височина. На располагање е бесплатен Wi-Fi и обезбеден е бесплатен паркинг. Секоја единица има добро опремена кујна која вклучува различни прибор за готвење и јадења за сервирање. Кујната со отворен план се спојува со удобна трпезарија со четири седишта. Сите апартмани имаат станбена површина која е опремена со софа и ТВ.

Програма на патување:

1 ден – 09 декември (четврток) Состанок на групата во раните утринските часови 02,00 часот  од паркингот пред Спортска сала Битола.. Се патува преку Скопје граничниот премин Табановце, со попатни паузи на граничните премини. Планирано пристигнување на Копаоник околу 10 часот. Сместување во хотел или користење на ски ден. Слободно време за одмор. Попладне планирана прошетка до центарот и запознавање со околината. Враќање во хотел и подготвување за вечерна забава -факултативно или прошетка низ центарот на ски центарот каде се организираат повеќе атрактивни настани и музички звезди. Ноќевање 1.

2 – 3 ден – 10 и 11 декември (петок/сабота) Време за забава, скијање, санкање, дружба, релаксација во спа центар.

4 ден – 12 декември (недела) Околу 09 часот напуштање хотелот, слободно време до 14 часот и тргнување за скијанње. Се патува преку Косово. Планирано пристигнување во Битола вечерните часови.

Jollykop apartments Kopaonik – ski opening
09 – 12/12/2021   3НП + БУС
По лице во ½ АПП 129 Eur
По лице во 1/3 АПП 109 Eur
По лице во ¼ АПП 89 Eur
Цените се дадени по лице со вклучен доручек 3НП+бус
Студијата се со капацитет од 2 лица и опремени со кујна и тоалет.
Апартманите се со една спална, дневна со софа, опремена кујна и WC
Туристичка такса 4,5 Еур/лице се плаќа на рецепција

Цената вклучува:

-3 ноќевања со појадок во апарт хотел Jollykop Apartments https://jollykop.rs/en/apartments/
-превоз на релација Битола – Скопје – Копаоник – Битола
-организација на патувањето
-Пратител на групата за цело време на престојот
Цената не вклучува:
-задолжително патничко осигурување
– организрана свечена вечера со традиционална храна и музика
-туристичка такса 1,5 евра од ноќ по лице

Прочитај Повеќе

Локација

Jolly Kop Apartmani, 119a, Kopaonik, Serbia
од 89 €

Можеби ќе ви се допадне