Состанок на групата во 05.30час. на паркингот, пред хоотел Вип. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне.
Сместување во хотел Бањица. Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило..). Слободно време за индивидуални активности. Вечера.
Ноќевање.
Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃.
Вечерта, свечена осмомартовска вечера со жива музика и богато мени.
Ноќевање.
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до 12.30час и поаѓање за Македонија со попатна посета на Лидл-Врање. Продолжување на паток кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања со појадок, ручек и вечераво Хотел Бањица 3*
*Разглед на центарот на Сокобања со локален водич
*Пешачка тура Сокобања, Лептерија и Сокоград
*Свечена осмомартовска вечера со жива музика (ладна закуска, зелник со павлака, скара, салата, домашна погача, десерт и неограно домашни пијалоци)
*Посета на Лидл-Врање
*Организација и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
*Здраствено и патничко осигурување (200мкд)
*Индивидуални трошоци (групна влезница за во термалните бањи 600динари)
Попусти и доплати:
– Деца од 2-12год. – 1,000 мкд попуст од редовната цена;