from 0 review
Дневна Тура
Неодредено
___
СПЛИТ –
ДУБРОВНИК – ШИБЕНИК – МАКАРСКА – ТРОГИР – КРКА
1 ден 02.03.2023 Поаѓање од пред агенција во 17.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 03.03.2023 Утрото пристигнување во Ц. Гора: Св. Стефан, Будва па преку Тиват со траект се преминува Бока – которскиот залив, па Херцег Нови се оди према Хрватска -Дубровник, околу пладне пристигнување во Сплит, разгледување на Сплит со локален водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата на Свети Дује, плоштадот, Променадата – Рива… Сместување во хотел и слободно попладне. Ноќевање.
3 ден 04.03.2023 Појадок. Целодневен факултативен излет до: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, палатата Чипико, тврдината Камерленго, кулата св. Марко… Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков – која е под заштита на УНЕСКО а на 10 км. се најдува Националниот парк *Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит. Ноќевање.
4 ден 05.03.2023 Појадок.Слободно предпладне во центарот на Сплит.Поаѓање за Дубровник преку Гусарскиот град Омиш, па посета на Макарска – прошетка по шеталиштето-Рива и долж Ривиерата поминувајќи покрај убави летувалишта (Башка вода, Подгора), пристигнување во Дубровник,разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата и прошетка во стариот дел на Дубровник. Потоа се оди преку Црна Гора со попатна пауза во Будва, па преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 06.03.2023 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
Цена: 7900.oo ден.,за уплати до 10.02.23г.Потоа 8900ден.
Во цената се пресметани следните услуги:
– превоз со туристички автобус
– сместување во хотел со 3* на база 2 н/п
– разгледување на Сплит со локален водич
– попатни посети на Макарска и Дубровник
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
– патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 250 ден
– факултативен излет со локален водич: Трогир, Крка и Шибеник – 20 € + влез во Крка-10 €
– влезници за културно – историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 24.02.2023 година.