from 0 review
3 дена
Daily Tour
Unlimited
___
Валона прераснува во европска туристичка дестинација, на самата граница помеѓу Јадранското и Јонското море. Се чини, место идеално за летување на просечно македонско семејство. Поефитно од Грција, дури и од Скопје. Официјална валута е „лек “, сепак не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.
3 ноќевања со појадок + бус
1 ден: 22.05.2021 Сабота Поаѓање за Валона од Битола на паркингот Спортска сала во 05.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Валона во претпладневните часови, разгледување на градот, со можност за шопинг, како и посета на старата чаршија, која е реновирана и реставрирана спрема ликот кој го имала пред 100 години. Заминување и сместување во хотел 4* во областа Радиме. Ноќевање1.
2 ден: 23.05.2021 Недела Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна посета (10 еур) на манастиорот Звернек, кој се наоѓа на малиот остров прекриен со борова шума, византиски манастир од 13 век посветен на Пресвета Богородица. За да стигнете до манастирот, се патува на дрвен мост (270 метри). Амбиентален ентериер. Целата област е многу живописна, особено на зајдисонце. Ви организираме можност за АТВ авантура- возење на теренски возила АТВ низ прекасен амбиент и природа.Враќање во хотел. Вечерта ве водиме на ноќна прошетка во градот со можност за вечера во Италиански ресторан и прошетка по прекрасната променда на Валона-Лунго маре. Ноќевање.
3 ден: 24.05.2021 Понеделник Појадок. Заминување за Тирана, разглед на градот со можност за посета на Тирана кој постоел уште од 17 век, а главен град на земјата е од 1920 год. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. и можност за посета на шопинг центар. Попладне , поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.
Деца 2 -12 години 49 Еур. Сопствен превоз -20 Еур од цената.
Во цената се пресметани следните услуги:
Превоз со туристички автобус на дадената релација
Сместување во хотел 3* во Валона (Радиме) на база 2 ноќевања со појадок
Хотелот располага со двокреветни и трокреветни пространи соби, широко двориште со зеленило и играчки за деца, сопствена уредена плажа со лежалки и чадори (ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА) https://hoteldenta.com
Излет до градот Валона (вклучено во цена) http://albania.al/destinations/vlora/
Во цената не се пресметани следните услуги:
Организирана вечера со пијалок (15 Еур)
Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес
НАПОМЕНА:
Сместен во Валона, на 2,8 км од плажата Радима, хотелот Дента располага со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, бар и градина. Одликувајќи се со семејни соби, хотелот исто така им обезбедува на гостите детско игралиште. Собите во хотелот се опремени со ТВ со рамен екран со сателитски канали. Сите единици во хотелот Дента вклучуваат климатизација и биро. Доручек се служи на шведска маса.