from €79,00
Book Now

Св.Кирил и Методиј во Парга

Not Rated

Duration

3 dena

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Св.Кирил во Парга и Јонско море

Парга-Лефкада

2 ноќи/ 3 Дена автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. А никаде во Грција не се слави Велигден како традиционално на Јонските острови, а посебно на островот Лефкада. Парга пак е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно туристичко место и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…

 

1 ден 22.05.2021 – (сабота) Битола- Јанина – Парга

Состанок на групата во 04,30 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 05:00 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Ноќевање 1.

3 ден 23.05.2021 (недела) Целодневна екскурзија Лефкада

Појадок. Организирано заминување за екскурзија Лефкада во 10,00 часот. Посета на градот Лефкас како и разглед на островот од морска страна , со прекрасната природа, надалеку прочуените крајбрежја. ФАКУЛТАТИВНО-Организирано крстарење на Лефкада и островот Скорпиос….15 Еур. Можност за факултативен ручек во рибен ресторан – таверна. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање2.

4 ден 24.05.2021 (понеделник) Парга-Мецово-Битола  Појадок. Слободно претпладне. Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена: 79 Еур/ 4.898 мкд

со можност за плаќање на 4 рати со кредитна картица
Деца 2-12 години со 2 возрасни 49 еур. Сопствен превоз на барање.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања  во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет)
  • Разгледи на Парга, Лефкада
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни влезници на локалитетите
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници. Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ
  • За влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест направен не повеќе од 72 часа, потврда за примена вакцина од сите типови или тест за антитела.
  • Доколку при тестирањето се појави патник со позитивен ПЦР тест, агенцијата ги рефундира средствата во целост.
  • За време на патувањето ќе бидат применети сите неопходни  Ковид мерки со исполнетост на автобусот и движење на патниците, како и во самите сместувачки објекти во Парга.

Цени за сопствен превоз:

1/2 студио 35 Еур/наем на ден
1/3 студио 40 Еур/наем на ден
1/4 студио 45 Еур/ден
1/5 апартман 60 Еур/ден

Цените се дадени во Еур за плаќање во денарска противвредност.

View More

Included/Excluded

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања  во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет)
  • Разгледи на Парга, Лефкада
  • Организација на патувањето
  • Патничко осигурување
  • Факултативни влезници на локалитетите
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

Tour's Location

Created with Sketch.
from €79,00

You might also like