from €89,00
Book Now

Св.Кирил и Методиј во Саранда

Not Rated

Duration

3 дена

Tour Type

Specific Tour

Group Size

3 people

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Св.Кирил и Методиј во Саранда

Саранда- Берат -Бутринти – Ѓирокастро

Програма: aвтобус / 3 дена /2 ноќевања со појадок/ водич

1 ден: 22.05.2021( сабота)  Битола – Берат – Саранда

Состанок на групата во 06.00 на паркингот Спортска сала .Поаѓање за Берат и Саранда од Битола во 06.30 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија. Пристигнување во Берат, кој е познат заради белите куќи во него, од страна на Србите е познат како Белград (Бел град). Поради тоа, во османлискиот период Берат бил именуван како „Албански Белград“. Тој, исто така, поради историските куќи со многу прозорци бил познат и како „Мултипрозорски град“. Градот потсетува на турскиот град Амасја поради многуте прозорци на историските куќи, кои се изградени на планинските падини. Џамијата „Хункар“ која била изградена со указ од султанот Бејазид Втори во 1492 година. Познато е дека теќето „Халвети“ е изградено со указ на Курт Ахмет-паша за Шејх Хасан и за сектата Халвети во 1781-1782 година. Исто така, се наведува дека историскиот мост „Горица“ бил изграден од страна на Ахмет Курт-паша во истиот период. Иако мостот претрпел големи штети кон крајот на Првата светска војна, тој бил обновен во 1920 година.Џамијата „Бекарлар“ или по старото име џамијата „Сулејман-паша“, која е друг османлиски споменик во градот Берат, изградена е од Сулејман-паша Авлонија, синот на Ибрахим-паша од Авлонија (Валона), помеѓу 1827-1828 година. Заминување за Саранда . Сместување во хотел по избор. Слободно време за индивидуални активности меѓу кои и посета на локалната црква за празникот. Ноќевање 1.

2 ден: 23.05.2021 (недела)  Саранда- Бутринти

Појадок. Слободен ден за одмор и прошетка. Факултативно организирана посета на локалитетот Бутринти (10 Еур). Националниот парк Бутринт (албански: Parku Kombëtar i Butrintit) е национален парк во јужна Албанија, лоциран на 18 километри јужно од Саранда во округот Влоре. Паркот опфаќа 9,424 хектари (94,24 км2) ридски терен со слатководни езера, мочуришта, солени мочуришта, отворени рамнини, трски и острови. Значењето на паркот за зачувување се рефлектира во големиот број видови со над 1.200 различни животни и растенија. Неговиот мандат вклучува заштита на езерото и лагуната Бутринт, природниот канал Вивари, островите Ксамил и археолошкиот локалитет, кој обезбедува вредни остатоци од античките цивилизации. Организирана свечена вечера во замокот Ликуреши доколку биде дозволено (факултативно 15Еур). Ноќевање 2.

3 ден: 24.05.2021 (понеделник) / Саранда – Ѓирокастро – Македонија

Појадок. Заминување за Македонија со попатни паузи за одмор и посета на градот Ѓирокастро кој е под заштита на Унеско.Потеклото на градот започнува со замокот Ѓирокастро, изграден во IV век од нашата ера. Градот го добил името Аргирокастро, во 1336 година. Во 1417 година бил освоен од османлиската војска. Градот го достигна својот врв во периодот од 1800-1830 година, кога беа изградени монументални куќи за собирање. Првите населби се оние во Чаршија и Хазмурате. Главната карактеристика на Ѓирокастро е интензивната употреба на камен во градењето на куќите, кои личат на мали тврдини, улиците на калдрма, кои сите водат кон Чаршијата. Тука можете да ја посетите Mosамијата на чаршијата, изградена во 1557 година. Поради сите овие карактеристики, Ѓирокастро е познат и како „Камениот град“. Најважната структура на градот е замокот, кој е најголемиот замок во Албанија. Внатре во замокот, можете да го посетите Музејот на оружје, отворен во 1971 година. Овде се изложени оружја од праисторијата до Втората светска војна. Националниот фолк фестивал се одржувал во овој замок во текот на годините. Патот води преку Тепелене-родното место на Али Паша. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена на аранжманот Хотел Аполон 4*: 89 Еур / 5,518 мкд https://hotelapollon.al/

Деца 2-12 години 49 Еур. Можност за плаќање на рати со кредитна картица.

Цена на аранжманот Вила Рошела 4* : 69 Еур / 4,278 мкд

Деца 2-12 години 29 Еур. Можност за плаќање на рати со кредитна картица.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Хотелско сместување 2 ноќевања со појадок во хотел по избор во Саранда
  • Организиран панорамски разглед на Берат
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Посета на Бутринт 10 Еур
  • Свечена вечера со фолклор во Саранда 15 Еур/лице (доколку дозволуваат условите)
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ариес

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ
  • За влез во Албанија не е потребен негативен ПЦР тест.
  • Доколку се појави патник со позитивен ПЦР тест, и не може да патува, агенцијата ги рефундира средствата во целост.
  • За време на патувањето ќе бидат применети сите неопходни  Ковид мерки со исполнетост на автобусот и движење на патниците, како и во самите сместувачки објекти во Саранда.

http://albania.al/destinations/kruja/

http://albania.al/destinations/adriatic-coast/

http://albania.al/destinations/ionian-coast/

http://albania.al/destinations/gjirokastra/

View More

Tour's Location

Created with Sketch.
from €89,00

You might also like