from €119,00
Book Now

Св.Кирил и Методиј Врњачка Бања

Not Rated

Duration

3 дена

Tour Type

Specific Tour

Group Size

4 people

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Св.Кирил и Методиј  Врњачка бања – Манастир Жича – Ниш

3 дена/2 полупансиони/бус

Врњачка Бања е посебно убава  пролет. Совршениот спој на чистиот воздух, големите паркови и термалните извори го прави ова место идеално за викенд бегство од секојдневниот живот, а особено кога заедно со природата се будат и Вашите чувства…

Се наоѓа на 300 км од Скопје позната е по своите лековити води и претставува центар со најсовремена медицинска служба за превенција ,лечење, дијагностицирање и рехабилитација на органите за варење и шеќерни болести.Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36.5 степени целзјусови колку што е температурата на човечкото тело, по што е единствена во Европа.

Врњачка Бања располага со 7 познати минерални извори: Снежник, Слатина ,Топла Вода, Езеро,Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро) додека другите две се користат за флаширање на минерална вода ( Борјак и Врњачко врело ).

1 ден 22.05.2021 (сабота) Битола-Скопје-Врњачка Бања

Поаѓање во 04:00 часот од пред Спортска сала Младост. Патот води преку Прилеп, Велес, Скопје , Ниш со попатни паузи. Пристигнување во пладневните часови, сместување во хотел Соларис 4* . Време за одмор и слободни активности, како и користење на спа центарот во хотелот. Во попладневните часови посета на изворите . Враќање во хотелот и организирана свечена вечера(доколку дозволуваат протоколите). Ноќевање.

2 ден 23.05.2021 (недела) Врњачка Бања – Манастир Жича

Појадок. После појадокот , слободно време за користење на спа центарот. Во попладневните часови посета на минералните извори. Црквата Пресвета Богородица, Врњачките паркови , Мостот на љубовта, старите врњачки вили итн. Во вечерните часови враќање во хотелот. Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево (10 Еур). Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески.Враќање во хотелот. Користење на хотелски те содржини за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање

3 ден 24.05.2021 (понеделник) Врњачка Бања – Ниш

Појадок. Можност за претпладневно користење на хотелскиот СПА центар или прошетка низ прекрасното гратче. Одјавување од хотелот. Тргнување за Македонија во пладневните часови, попатна пауза и разглед на преубавиот Ниш со можност за шопинг. Враќање во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот со вклучен превоз:

119 евра по лице /7,378 денари

*Деца до 4 години бесплатно во хотел (плаќа само бус 30 Еур)

*Деца од 4- 11.99 години плаќаат 69 евра / 4,278 денари. Сопствен превоз -20 Еур.

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • 2  ноќевања на база ПОЛУПАНСИОН во хотел Solaris 4* Врњачка Бања      https://solarisresort.com
  •  Kористење на: затворен базен со солена вода, солена соба, Турска бања, Финска сауна, Руски спа центар, калдариум,тепидариум, џакуз, Студена соб, Арома тушеви, мелен мраз, фатнес сала
  • Услугите на спа центарот можат да се користат од 10-21 часот и се ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
  • Превоз со туристички автобус
  • Организиран повратен трансфер од хотелот до бањите
  • Посета на Ниш
  • Организација и придружник на патувањето
  • Запазени Ковид мерки

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Трансфери останати градови (10 Еур)
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Останати ненапоменати услуги

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници. Како за сите наши туристички програми така и за оваа програма важат пропишаните мерки за заштита од Ковид19. Агенцијата гранатира за полна рефундација кај лица кои би откажале заради присуство ка Ковид19. За Србија не е потребен тест, а можно е да се патува само со лична карта. За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес

  • Агенцијата преговара со своите партнери, да доколку постои можност, се изврши бесплатна вакцинација на нашите патници на овај аранжман,  нормално доколку се заинтересирани за истото

Хотел Solaris Resort 4*  https://solarisresort.com е единствен wellness и spa resort во регионот на Врњачка Бања кој се простира на површина од 1 хектар и има 4 ѕвезди. Во изминатите години го зазема водечкото место во хотелиерството, во wellness и spa, како и во спортскиот, конгресниот и индивидуалниот туризам. Хотелот има 91 конфорна сместувачка единица, апартмани со големина од 45 метри квадратни, на располагање на гостите им се penthouse апартмани, lobby bar, два ресторани, два отворени базени ( од кои еден bio-design а другиот со тропски бар во водата) и затворен базен со солена вода. Комплексот има 100 наткривени паркинг места, wellness центар кој се простира на површина од 1000 m2, конгресна сала до 200 места за седење која е опремена со најсовремена опрема (по потреба може да се подели на две целини) и игротека со два стручни аниматори кои ќе им го направат на децата престојот во хотелот назаборавен. Solaris Resort е сместен во мирниот дел на бањата, во непосредна близина на шеталиштето. Паролата на хотелот е: „Доаѓате како гостин, заминувате како пријател на хотелот“.

View More

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

Created with Sketch.
from €119,00

You might also like