from 0 review
Дневна Тура
Неодредено
___
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ 2023 – КРАКОВ, ПОЛСКА
12.01- 18.01.2023
12.01.2023 (Четврток) Битола-Прилеп-Велес-Скопје- Куманово-Србија-Унгарија-Полска
Поаѓање во 08:00 часот од Битола (паркинг на Спортска сала) за Краков, Полска.
Патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје (11:30 часот), Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија, Унгарија.
Дневно и ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Краков.
13.01.2023 (Петок) 15.01.2023 (Недела) Краков
Планирано пристигнување околу пладне.
По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време за одмор.
Во договорено време поаѓање со локален превоз кон Tauron Arena, следење на натпреварите Аргентина – Холандија во 18:00 часот и Македонија – Норвешка 20:30 часот.
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон хотелот со локален превоз. Ноќевање.
14.01.2023 (Сабота) Разглед на Краков-Вјеличка (Музеј на сол)
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Краков со локален водич, посета на Вафел- кралскиот дворец каде што се вршеле свечените церемонии при крунисувањето на кралевите, прошетка по Кралскиот пат до самиот центар на градот, разглед на најголемиот средновековен плоштад Rynek Glowny, на кој се наоѓа споменикот на Адам Мицкјевич (најголемиот полски поет), разглед на Црквата СВ Марија. Разгледот продолжува по Флоријанската улица која завршува со Флоријанската капија и Барбаканот.
Слободно време за ручек.
Во договорено време, поаѓање кон рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) кој се наоѓа на првата листа на Унеско. Рудникот изгледа толку нереално што ќе се чувствувате како да сте во некоја бајка, која нема врска со рудници или пак сол. Историјата на рудникот за сол датира од средниот век, кога порано се нарекувал Магнум Сал или Голема сол.
Во 13 век, тој бил најголемиот извор на сол во земјата, што било клучно за економијата на земјата. Денес, тој е една од главните туристички атракции во Полска.
Рудникот лежи на девет нивоа, скриени под градот, рудникот стига и до длабочина од 327 метри. Подземјето се состои од 300 км тунели и околу 3000 простории, најимпресивни се капелите кој ги изградиле самите рудари во кој и ден денес се одржуваат миси.
Во договорено време поѓање кон хотелот. Ноќевање.
15.01.2023 (Недела) Краков – ден за навивање
Појадок. Слободно време. Во договорено време поаѓање кон Tauron Arena, следење на натпреварите
Норвешка – Аргентина 18:00 часот и Македонија – Холандија 20:30 часот.
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон хотелот со локален превоз. Ноќевање.
16.01.2023 (Понеделник) Краков – Аушвиц
Појадок. По појадокот, можност за организација на факултативна посета до Аушвиц – концентрационен логор од Втората Светска Војна, кој од 1979 год. се наоѓа на листата на светски наследства на УНЕСКО. Следи посета и на концентрационот логор Биркенау, во кој е сниман познатиот филм ,,Шиндлеровата листа”. Во попладневните часови враќање во Краков. Ноќевање.
17.01.2023 (Вторник) Краков – ден за навивање – поаѓање кон Македонија
Појадок. Одјавување од хотелот. Во договорено време поаѓање кон Tauron Arena, следење на натпреварите Норвешка – Холандија 18:00 часот и Македонија – Аргентина 20:30 часот.
По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија.
Ноќно и дневно возење, преку Унгарија, Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
18.01.2023 (Среда) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови.
Крај на програмата.
Редовна цена на аранжманот : 339 €
Промо цена за уплата до 25.11.2022 = 309 €
(цената е по лице за сместување во двокреветна / трикреветна соба)
Доплата за еднокреветна соба 60 €
За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
За резервација во 1/4 соба попуст 10 € од цената по лице.
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.
Во цената Е вклучено:
Превоз со високо–туристички автобус опремен со клима, тв, видео
Поаѓања од:
Битола 08:00 ч (паркинг Спортска сала)
Прилеп 08:50ч (бензиска пумпа Лукоил)
Велес 10:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 11:15ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC)
Куманово 12:15 ч (бензинска пумпа Макпетрол)
Сместување во Краков во хотел со 3 * (4 ноќевања со појадок)
Блок билети за сите натпревари од група F (датуми: 13.01 ,15.01, 17.01.2023)
Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети (се реализираат со миниму 25 платежни патници)
Разглед (запознавање) на Краков со локален водич 10€ по лице (14.01.2023)
Рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) 35€ по лице (14.01.2023) / Вклучено: локален водич + превоз + влезница)
Посета на Аушвиц 25 € по лице (16.01.2023) / Вклучено: локален водич + превоз + влезница)
Патничкото осигурување (околу 300 ден. – по лице);
Личен трошок на патникот.
Официјална валута полски злоти (PLN) – 1 € = 4,73 полски злоти
Водата во Краков е безбедна за пиење.
Телефони за итни случаеви: Брза помош 112 / 999 Полиција 112 / 997