fbpx
from €0,00
Book Now

ТРИКАЛА И МЕТЕОРИ СО ПОЧЕТОК ОД МЕСЕЦ НОЕМВРИ

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ТРИКАЛА И МЕТЕОРИ СО ПОЧЕТОК ОД МЕСЕЦ НОЕМВРИ

Секоја Сабота и Недела посета на божиќното село во ТРИКАЛА и попатна посета на МЕТЕОРИ

 

Датуми на планирани посети:

*26.11.2022 и 27.11.2022

*03.12.2022 и 04.12.2022

*10.12.2022 и 11.12.2022

 

– Барем на еден ден да си дозволиме да живееме во светот на фантазиите… Да ја почувстуваме божиќната магија која на сите ни недостасуваше минатата година, ќе ја посетиме куќата на Дедо Мраз, фабриката за чоколади и колачиња, ќе го вкусиме прекрaсното греено вино, ќе одиме и во работилницата за изработка на икони во Метеори….Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу изненадувања, забава и среќa..

Планирано поаѓање од Скопје 04:00, од Битола во 06:00 часот од спортска сала. Прво пристигнување во Метеори посета на Големиот манастир или манастирот Варлаам (планирано време на задржување за прошетна и разглед на Метеори – 2часа). Собир со групата во договорено време, и се упатуваме во работилницата каде се изработуваат икони, разни сувенири, подароци….Се прави кратка презентација и патниците ќе имаат слободно време за пазарување од продавницата.

Потоа одиме на ручек во таверна. Околу 15 часот планирано време за поаѓање кон божиќно село во Трикала. Слободно време за прошетки, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент. Во договор со водичот собир со групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

-БИТОЛА: Цена за возрасни: 1200 мкд – Цена за деца до 10 години: 1000 мкд

-ОХРИД И СТРУГА: Можност за трансфер од Струга и Охрид (600 ден. повратен билет, за 6+ патници)

-ПРИЛЕП 1600мкд – Цена за деца до 10год – 1400мкд

-СКОПЈЕ: 2000мкд – Цена за деца до 10год: 1800

-ШТИП: 2000мкд – Цена за деца до 10год: 1800 (повратен билет за 6+патници)

 

НАПОМЕНА!

  • -ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 3€, задолжително носење на сукња за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата
  • -За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А ЈК ТРАВЕЛ.
  • -Крајниот рок за извествање на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • -Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.

Tour's Location

from €0,00

You might also like