fbpx
from €289,00
Резервирај

ЈУЖНА ИТАЛИЈА -8 МИ МАРТ 2023

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

АлберобелоНаполиАмалфиПозитаноПомпеаВезувМатера

Цела Италија плени со својот шарм и убавина, но југот е посебен, токму затоа ние ве носиме таму. Тргнуваме со нашата пловидба низ водите на јонско море од Игуменица, ноќна пловидба и уживање во мирните морски води. Утрото се будиме во Бари, каде што ќе ни стане јасно зошто југот е посебен.

Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција. Ќе го посетиме прекрасното Алберобело, а ќе се сместиме воа Наполи за кој старите римјани рекле „Vedi Napoli e poi muori“ („Види го Наполи и може да умреш“). Наполи е град со многу приказни, кои ќе имаме време да ги слушнеме и доживееме. Освен Наполи наредните денови ќе ги посетиме и Амалфи, Позитано и Помпеа, селцата каде ќе ги направите најубавите фотографии ќе ја вкусите најубавата храна и ќе се вљубите во шаренилото и духот на овие места. Пред нашиот пат назад ќе го посетиме и чудесниот град Матера, препознатлив по ќуќите во пештери кои се напуштени и затоа овој град е наречен “град на духови“. Заради неверојатните пејсажи на Матера овој град е локација за снимање на филмот “Страдањата на Исус“.

Овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу воздишки, воодушевување, забава, дружба и спомени за паметење, затоа топло ви ја препорачуваме оваа програма.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 309 ЕВРА ПО ЛИЦЕ /19.160мкд

ПРОМО ЦЕНА  289 ЕВРА ПО ЛИЦЕ / 17.920мкд до

Состанок на групата  во 12:00 часот кај хотел Русија. Поаѓање за Игуменица,со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во игуменитса и качување на траект за Бари. Ноќно патување и ноќевање на траект.

Пристигнување во Бари во утринските часови каде веднаш ќе не разбуди мирисот на море и глетката на прекрасно пристаниште, шеталиште, палми и духот на Јужна Италија како и возбудата за тоа што не очекува.

Откако се симнуваме од траект се упатуваме кон Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура.

Овој град има посебна приказна, градот на Trulо куќи, која е типично италијанска: дизајнот на куќите е смислен за измама на власта, која на жителите им наметнувала даноци. Локалниот феудален гроф Acquaviva ги преселил своите селани-работници тука, за да ја исчистат шумата и да ја претворат во обработливо земјиште. Грофот имал идеја да создаде феудално село кое би можело брзо да се сруши и обнови, со цел да се избегне плаќањето на даноците. Било важно Alberobello да не изгледа како типично село. Во 1797 година, кога Alberobello конечно добило статус на град, луѓето морале да живеат во Труло куќите, кои би можеле, доколку е потребно, лесно да се срушат а подоцна повторно да се изградат.

Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители.

Овде ќе имаме слободно време за прошетка и можност да ја доживееме оригиналноста на овој град како од бајките.

Екскурзијата ја завршуваме во шопинг центарот La Reggia Designer Outlet каде што ќе имаме слободно време за прошетка во прекрасниот амбиент со многу продавници, кафулиња и ресторани.

Во договорено време поаѓање кон Наполи и сместување во хотел.

Ноќевање.

бил потполно уништен, прелеан со лава, целиот град со околу 20.000 луѓе, дворци, згради, храмови, театри и термални бањи зачувани засекогаш во моментите на нивната смрт се сведок на неуморливата сила на природата. Денешната Помпеа заради овој настан ја носи титулата град музеј и е под заштита на УНЕСКО и е една од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од два милиони жители.

Продолжуваме покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри.

Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и слободно време за прошетка низ Наполи каде што ќе може да ги видите градскиот плоштад, општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko.

Ноќевање.

Појадок. По појадокот се упатуваме  на целодневна посета  на  Позитиано, Амалфи и Соренто.

Се упатуваме во Позитиано, рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни панорамски слики ..Кратка пауза 20 минути и патот го продолжуваме кон Амалфи.

Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Овој град заради прекрасните пејсажи се смета за едно од најспектакуларните места во Европа.Самото возење покрај брегот го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај море го комплетираат впечатокот. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина.Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада. Ќе имаме слободно време за едно еспресо, лимончело или аперол.

Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia…

Враќање во хотел.

Ноќевање.

Појадок. Одјава од хотел.  Се упатуваме кон Матера, град сместен во јужниот дел на Италија, токму онаму каде започнува потпетицата на Италија. Се наоѓа во областа Базиликата,  и од 1663 година до 1806 година бил прогласен за главен град на оваа област. Во 2019година е прогласен за најдобра дестинација во светот и престолнина на Европската култура.

Главна атракција на Матера е Саси  или пештерската населба. Градот започнува да заживува дури во деведесетите години, кога Матера е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Оттогаш градот продолжува да инвестира во своето културно наследство. Старите обновени пештери, црквите, улиците и камбанариите ќе ви го одземат здивот.

Ќе се напиеме кафенце или пулиски ликер, во пештерата стара 2000 години, ќе ја посетиме надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 година.
Овој магичен град е просторот каде што времето застанало. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура…
Ќе прошетаме покрај пештерните куќи стари 9000 години, како во временска машина која те враќа назад и те шета низ вековите.
Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, Во 1964 год. Пиер Паоло Пазолини  го сими“Евангелието на Мaтеј”, но најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година.
Во попладневни часови, поаѓање кон пристаништето на Бари и качување на траект за Игуменица.
Ноќевање на траект.

Пристигнување во Игуменица, и продолжување на патот кон Македонија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

* Превоз со високотуристички автобус
* Превоз со брод на релација  Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)
* 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Наполи
* Посета на Алберобело со локален водич на српски јазик
* Посета на Неапол
* Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet

* Посета на Матера со локален водич
* Организација и водство на програмата
* Лиценциран туристички придружник

Цената на аранжманот не вклучува:

* Посета на Помпеа (влезница 16 еур) и Везув (вклучена влезница) со локален водич 40 евра

* Посета на Амалфи и Позитано со локален водич  60 евра
* Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект  15 евра повратен билет

* Доплата по лице за кабина на траект за 4 лица- 50 евра  повратен билет

**Доплата по лице за кабина за траект за 2 лица -96евра  повратен билет

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

  • * Превоз со високотуристички автобус
  • * Превоз со брод на релација Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)
  • * 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Наполи
  • * Посета на Алберобело со локален водич на српски јазик
  • * Посета на Неапол
  • * Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet
  • * Посета на Матера со локален водич
  • * Организација и водство на програмата
  • * Лиценциран туристички придружник
  • * Посета на Помпеа (влезница 16 еур) и Везув (вклучена влезница) со локален водич 40 евра
  • * Посета на Амалфи и Позитано со локален водич 60 евра
  • * Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 15 евра повратен билет
  • * Доплата по лице за кабина на траект за 4 лица- 50 евра повратен билет
  • **Доплата по лице за кабина за траект за 2 лица -96евра повратен билет

Локација

од €289,00

Можеби ќе ви се допадне