Вечниот град – РИМ
3 дена / 2 ноќевања со појадиок/ АВИОН
24 април СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Скопје во 16:00 часот. Лет за Рим во 18:30 часот. Слетување во Рим во 20:10 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
25 април РИМ
Појадок. Панорамски разглед со автобус и локален водич (траење 2 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Аурелијански ѕидини, Св. Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст. Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини – фотостоп и посета на гробот на Св. Павле, плоштадот Дел Попопло … Пауза за ручек. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа) – уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот … Вечерта, на атрактивна локација, може да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.
26 април РИМ – ВАТИКАН – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Пауза за ручек и кафе. Слободно претпладне. Организиран трансфер до аеродром (оклу 17.00ч). Полетување за Скопје во 20:45 часот. Пристигнување во Скопје во 22.30 часот.
ЦЕНА за уплата до 23.03 299€ (18.540 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 359€ (22.260 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
- Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел на база 4* ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Рим
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 3.500 мкд
- Туристичка такса 740 мкд (се плаќа во агенција)
- Визер приорити, торба со димензии 55x40x23см, до 10кг – 1.600мкд
- Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг – 2.800 мкд, куфер до 20кг – 3.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
- Влезници во музеите и културно историските споменици
- Карти за локален превоз (метро)
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 3.700 мкд
- Факултативни излети:
Ватикански музеј, Св.Петар, Сикстинска капела, – 60 евра
Барокен Рим – Рим 20 евра
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
- За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на ТА Ариес.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
- За ова патување патниците треба да имаат сертификат за примена Фајзер вакина и ПЦР негативен тест.
Начини на плаќање:
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
- Т.А. Ариес го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.