from €89,00 €80,00
Book Now

Велигден и 1 Мај во Берат, Круја, Арденица, Драч, Скадар и Тирана

Not Rated

Duration

2 ноќевања

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Велигден и 1 Мај во Берат, Круја, Арденица, Драч, Скадар и Тирана

 

ПРОГРАМА на патувањето

1.ДЕН (30.04.2021 – петок) : БИТОЛАБЕРАТ – АРДЕНИЦА ДРАЧ Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 2.30 часот. Поаѓање за Албанија во 03.00 часот. Патот води преку Струга, г.п.Ќафасан, Елбасан…Пристигнување во Берат – познат како „Град на прозорците“, прогласен за „град музеј “. Берат, засенет на исток од планината Томор 2415 м, е древна Илирска населба основана во 4 и 5 век п.н.е. на територијата на илирското племе Десарети. Градот е составен од 3 дела : Горица, сместен на крајната страна од реката; Мангалем, сместен на страната на тврдината на реката и на Станбениот кварт кој е во рамките на тврдината позната како Калаја…Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански карактеристики, многу религиозни објекти.

Можност за посета на тврдината и на музејот на Онуфри. Во договорено време поаѓање кон Арденица и манастирот Раѓање на Пресвета Богородица (XIII век), а потоа продолжување на патот кон Драч. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

2.ДЕН (01.05.2021 – сабота) : ДРАЧ – КРУЈА – СКАДАР Појадок. Слободно време, или Ви нудиме целодневен излет до Скадар и Круја со стручен водич…пристигнување во Круја – родниот град на Скендербег околу 10.30 часот…Круја се смета за еден од главните стари градови и е еден од најславните градови во Албанија. Пешачката турнеја Ве води низ патеката со калдрма до Отоманската чаршија, дрвените продавници и зидовите на замокот. Можната посета на музејот на Скендербег кој е во рамките на sидините на замокот и една стара куќа претворена во етнографски музеј – ќе Ви даде увид во начинот на живот во северниот дел на Албанија...Поаѓање за Скадар, околу 13.00 часот (1 час возење). Нашиот разглед ќе Ве однесе до волшебниот легендарен замок Розафа, со поглед на езерото Скадер (Скадар) и Јадранското море, некогаш упориште на храброто илирско племе Адријан. Придружете ни се да разгледаме мешавината од античката и модерната трага на историјата и традициите на локалното население во северозападна Албанија. Прошетката по камената патека Ве води низ главната античка порта, реконструирана во 20 век. Уживајте во панорамскиот поглед од овде на Јадранско Море на Југо-Запад, езерото Скадар на Северозапад, Албанските Алпи на север и исток. Околните зидини и кули за набљудување, сè уште стојат цврсто, и покрај силниот ветер, низ вековите од сите агли. Прошетка низ центарот на градот – слободно време за индивидуален разглед на градот или ручек (факултативно) во некој Национален ресторан. Враќање во Драч околу 17.30 часот. Ноќевање.

3.ДЕН (02.05.2021 – недела) : ДРАЧ – ТИРАНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Тирана, следи панорамски разглед на градот што ќе ја истражи историската и архитектонска еволуција на Тирана, која се одликува со динамична и богата историја, кој – од мал рурален и трговски центар во 17 век, се преобразува во главна престолнина на Албанија, културен центар со траги од антички урнатини, Отомански, Италијански, комунистички и модерни градби и традиции…со прошетката по новото шеталиште, се приближуваме кон Византиските урнатини и sидови, достигнувајќи до главниот Италијански булевар, Уметничката галерија и истакнатите Италијански згради, Градското собрание на Тирана, Статуата на Скендербег, џамијата Етем Бег, статуата на Скендербег, Саат-кулата, Национална библиотека и Опера како и мозаикот „Албанци“ на влезот на Националниот историски музеј…слободно време за индивидуален разглед на градот. Во раните попладневни часови – поаѓање за трговскиот центар ТЕГ (можност за шопинг и освежување пред поаѓањето за Македонија). Поаѓање за Македонија во 18.00 часот. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ : 5.520.00 денари (89 €) – редовна цена

4.960,00 денари (80 €) – FIRST MINUTE (за уплата до 03.04.2021)!

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

  • ВАЖНА НАПОМЕНА : Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребен PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За овој аранжман, влезот во Албанија е дозволен (покрај валидниот пасош) со лична карта.

  • ВАЖНО: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Албанија (конкретно за овој аранжман).

  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши/лични карти. За влез во Албанија, пасошот/личната карта треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Албанија. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.

  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.

  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

  • Aгенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.

  • Краен рок за пријавување : 25.04.2021

View More

Itinerary

Expand All
Хотел ВИВАС 4*

На првата линија со морето, хотелот VIVAS се наоѓа на 5 минути од пристаништето Драч, 30 минути од аеродромот „Мајка Тереза“ и 40 минути од главниот град Тирана. Хотелот е објект висок пет ката, со 78 вкусно наместени соби, базен, теретана, приватна плажа, конференциска сала, сопствен - бесплатен WI-FI, бар на плажа, ресторан, детско игралиште, итн., опремен е со систем за надзор. Во ресторанот на хотелот можете да најдете сè, почнувајќи од национална кујна до меѓународна, по сосем прифатливи цени. Изборот ќе биде тежок помеѓу свежа риба, месо и домашни производи. Барот со поглед на морето е добар избор да го поминете слободното време, каде можете да уживате во Италијанско кафе, различни освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци, коктели и сл. За сите оние кои сакаат пица, ресторанот стои на располагање од 12.00 – 23.00 часот.

Град БЕРАТ

Името на градот на Албански јазик е Берат или Берати, што најверојатно е изведено од старословенскиот Балград (Бѣлградъ) ​​или Белград / Белиград (Белград / Белиград, што значи „Бел град“ на јужнословенските јазици), под кое име било познато во Грчки, Бугарски, Латински и Словенски документи за време на високиот и доцниот среден век. На Грчки јазик е преведен како Bellegrada (Βελλέγραδα). За време на раната Византиска империја името на градот било Пулхериополис (грчки: Πουλχεριόπολις, „Град Пулкерија“). За време на владеењето на Млетачката Република (Венеција) градот бил познат како Белградо ди Романија („Белград од Румелија“), додека во Отоманската империја бил познат и како Белград-Арнавуд („Албански Белград“) за да се разликува од Беград во Србија. Берат е прогласен за светско наследство и е под заштита на УНЕСКО од 2008 година...се состои од уникатен стил на архитектура со влијанија од повеќе цивилизации кои успеале да коегзистираат со векови низ историјата. Како и многу градови во Албанија, Берат се состои од стар утврден град исполнет со цркви и џамии насликани со грандиозно богатство на видливи мурали и фрески. Градот е еден од главните културни центри во земјата.

Included/Excluded

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 НП во хотел VIVAS 4* (www.vivashotel.com) во Драч
  • посета на Берат, Арденица, Круја, Скадар и Тирана
  • пратител на група
  • организација
  • водство и реализација на аранжманот
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици
  • патничкото осигурување
  • Трансфер од Скопје, Велес, Кавадарци, Кичево – 10 € по лице
  • Доплата за 1/1 соба: 1.500,00 денари

Tour's Location

Created with Sketch.
€9,00
from €89,00 €80,00

You might also like