from 0 review
4 дена/ 3 ноќи
Specific Tour
Unlimited
___
Кефалонија
3 ноќи / 4 Дена автобус
Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. Кефалонија и Итака со причина ги нарекуваат островите од бајките : белата боја на карпите, школките и песокта, сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…
1 ден 17.04.2020 – Петок ( Битола – Кефалонија)
Состанок на групата во 01,30 пред Спортска сала Битола . Поаѓање за Грција во 02:00 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Пристигнување во Астакос во пладневните часови. Можност за кратка пауза за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани додека се качиме на брод за Сами-Кефалонија. Пристигнување на Аргостоли (Кефалонија) после час и половина патување со брод. Сместуваме во хотел Poseidon Residence 4* во Спартиа. Вечерта организирана прошетка до Аргостоли. Враќање во хотел. Ноќевање 1.
2 ден 18.04,2020 Сабота ( Кефалонија – разглед на јужниот дел на островот )
Појадок. Заминување на организиран разглед со водич на островот од неговите две страни , со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја, како и запознавање со богатата историја на островот кој ја дели судбината на повеќето острови од јонскиот архипелаг. Можност за ручек во рибен ресторан-таверна. Враќање во Спартиа. Слободно време за одмор, прошетка и плажа. Вечерта можност за организирана Грчка вечер со вечера, бесплатно вино, како и запознавање со фолклорот на Кефалонија низ игри и танци – факултативно 25 Еур. Ноќевање 2.
3 ден 19.04,2020 Недела (Кефалонија – Итака)
Појадок. Островот кој те фасцинира од првиот момент кога ќе стигнеш. Придружете ни се да откриеме голем дел од Кефалонија што можете само да го запознаете и да го изуживате само со брод (доколку дозволуваат временските услови) Придружете ни се на нашето патување до Итака, родното место на Одисеј и нговата Пенелопа. Незаборавни глетки кои ќе ви останат врежани уште долго во сеќавање. (Факултативно 20 Еур). Ноќевање 3.
4 ден 20.04,2020 Понеделник (Кефалониаја – Битола)
Појадок. Заминување кон копно за Астакос и заминување кон Јанина и посета на маркетите Џамбо и Икеа. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Цена: 179 Еур/11.098 MKD
со можност за плаќање на 6 рати со кредитна картичка
Деца 2-12 години со 2 возрасни 129 Еур. Сопствен превоз – 139 Еур.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Важат Општите услови на патување на СКТМ и ТА Ариес.
Thoughtful thoughts to your inbox