fbpx
from 179 €
Резервирај

Велигден во Атина-Егина-Пелопонез (13-17 Aприл’23)

Glyfada, Greece
Нема оценки

Времетраење

4 дена/3 ноќевања/4 екскурзии

Тип

Specific Tour

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

***ВЕЛИГДЕН 2023 ***

(Атина-Егина-Пелопонез-Сунион)

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

Програма на патувањето:

13.04.2023 (Четврток) Македонија-Атина Состанок групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

14.04.2023 (Петок) Атина разглед  Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…  Посета на Акропол (доплата за влезница 20 Еур) -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон . Заминување и  сместување во хотел. Слободно попладне.  Ноќевање1.

15.04.2023 (Сабота) Атина-Коринт-Пелопонез  Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 40 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус  – најакустичниот антички амфитеатар (влезница 6 еур), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница 12 Еур). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика.Враќање во хотелот. Ноќевање 3

16.04.2023 (Недела) Велигден на  Егина Појадок. Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за Факултативна – еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер со можност за заедничка посета на ноќен клуб. Ноќевање 2.

17.04.2023 (Понеделник) Атина-Сунион- Македонија Појадок.Слободно  претпладне со мoжност за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или  Атина, како и можност за Факултативна екскурзија (10 Еур) покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и  рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.

Цена на аранжманот: 179 Eур/11.098,00 МКД

Цена за уплата до 30/03/23  161 Eур/9.982,00 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 129 Еур/ 7,998,00   Еднокреветна соба 229 Еур.

Во цената се вклучени следниве услуги:
-Превоз со високо туристички автобус
-3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада https://www.londonhotelathens.com/
-Организиран разглед на градот со локален водич
-Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
-Факултативен излет на Велигден  Пиреа-Егина  (50 Еур)
-Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег (10 Еур)
-Екскурзија  на Арголида – Пелопонез (40 Еур + влезници)
-Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел

Корегирани цени за влезници 14/03/2023
-Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (20 еур); Микена (12 Еур);  Епидаурус (12 Еур) Аполоновиот храм на Сунион (10 Еур)
-Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
  • НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес.

 

 

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

  • Во цената се вклучени следниве услуги:
  • -Превоз со високо туристички автобус
  • -3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада https://www.londonhotelathens.com/
  • -Организиран разглед на градот со локален водич
  • -Организација и водство на патувањето
  • Во цената не се вклучени следниве услуги:
  • -Факултативен излет на Велигден  Пиреа-Егина  (50 Еур)
  • -Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег (10 Еур)
  • -Екскурзија  на Арголида - Пелопонез (40 Еур + влезници)
  • -Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
  • -Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (10 еур); Микена (6 Еур);  Епидаурус (6 Еур) Аполоновиот храм на Сунион (5 Еур)
  • -Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

Локација

Glyfada, Greece

Reviews

0/5
Нема оценки
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

од 179 €

Можеби ќе ви се допадне