fbpx
from €129,00
Book Now

ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ

Not Rated

Duration

4 days 3 nights

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ
Истанбул е волшебен град, град на легенда и историја. Не залудно велат, кој еднаш отишол ќе сака повторно да се врати. Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул (Istanbul) е најголемиот град во Турција (Turkey) и еден од најголемите градови во светот. Истанбул (Istanbul) зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Со околу 15 милиони жители, Истанбул ( Istanbul) е најнаселен град во Европа (Europe).
Во Истанбул се снимаат и најпознатите турски серии: Истанбулската невеста (İstanbullu gelin), Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü), Илјада и една ноќ (Binbir Gece) и многу други.Овде се наоѓа и еден од најголемите аеродроми (Istanbul Airport). Времето во Истанбул (Weather in Istanbul) е за неколку степени секогаш потопло од кај нас. Постои мит дека лошото време во Истанбул (Istanbul) секогаш доаѓа од Балканот (Balkan).

Цена на аранжманот 129 евра по лице/ 8.000мкд

Промо цена 99 евра по лице / 6.140мкд за резервации до 15.03.2022

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Автобуска програма (21.04-25.04.2022)
21.04.2022 Четврток Скопје – Истанбул
Состанок на групата во 15:00часот на Дрво Декор и во 15:30час. поаѓање за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Се патува преку Бугарија.
22.04.2022 Петок Истанбул
Пристигнувањето во Истанбул во раните утрински часови. Оставање на багажот во хотел.
Слободно време за прошетка до Капали Чаршија. Водичот ќе ве одведе до влезот на чаршијата, а враќањето до хотел е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на само 20мин пешачење од хотел.
Историска и филмска населба Балат
По слободното време во Капали Чаршија, групата се упатува на факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, каде можат да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори.

Облакодерот Сафир

По посетата на Балат, групата продолжува во посета на облакодерот Сафир. На најгорниот кат на кулата Сафир има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон азиската и европската страна на градот. Исто така можете да прошетате виртуелно преку 4D проекција од 15минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул

Плоштадот Таксим
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња. Слободно време за прошетка и враќање во хотел.
Ноќевање.

23.04.2022 Сабота Истанбул
Овој ден е планиран за целодневна факултативна ескурзија.
ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Ова е крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.
УСКУДАР (Uskudar)
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Од Ускудар има преубав поглед кон европскиот дел и секако познатата кула Девојачката Кула или Моминската кула (Kiz Kulesi) каде ќе направите фантастични фотоградии. Слободно време за ручек.
Џамијата Чамлиџа
По посетата на Ускудар, поаѓаме во џамијата Чамлиџа. Ова е една од мегаломанските ЧУДА во Истанбул која е и најнова атракција, изградена во 2019 година. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири.
Emaar Square Mall
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
WaterGarden
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Враќање во хотел. Ноќевање

24.04.2022 Недела Истанбул
Појадок. По појадокот се упатуваме во факултативна посета на Миниатурк Парк кој се наоѓа во северо-западниот дел на Златниот Рог во Истанбул. Паркот е оворен во Мај 2003год, и е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со површина од 15.000м2. Паркот содржи историски структури и толкувања од и околу Турција. По посетата на Миниатуркот, се упатуваме во посета на населбата Ортаќој. Ова е едно од подобрите места од каде што може да го доживеете Босфорот и да ги направите најдобрите фотографии со босфорскиот мост и Ортаќој џамијата во позадина.
Враќање во хотел. Ноќевање.
25.04.2022 Понеделник Истанбул-Скопје
Појадок и одјавување од хотел. Посета на продавницата КОСКА каде може да купите локум, баклава и традиционални благи работи за дома. По посетата на оваа продавница, одиме во Outlet 212 во Истанбул на шопинг. Слободно време за шопинг и околу 15:00 часот поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 26.04-Вторник.

Во цената на аранжманот е вклучено:
Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз
Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)
И дефинитивно најдобрата организација со најдобите водичи

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошоци
ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Посета на Балат, железната црква и вселенската патријаршија, облакодерот Сафир и Таксим – 35€
Ова факултатива се купува како пакет а во сеа се вклучени Балат со влез во „Железната црква“, Вселенската Патријаршија, Облакодерот Сафир со вклучена 4D проекција и плоштадот Таксим.
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.
Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.
Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град.
По посетата на Балат, продолжуваме со автобус кон Сафир, а денот завршува на Таксим плоштадот каде може да уживаме во убавините на местото.

Пакет 2 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно) -50€
-Крстарење по Босфор
-Ускудар
-Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)
Важно
• Валидност на пасошот 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
• Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
• За еднокреветна соба се доплаќа 25 евра
• Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
• Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
• Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
• Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
• Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
• Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
• Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

View More

Itinerary

Included/Excluded

  • Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Tуристичка такса
  • Посета на турската продавница „Коска“
  • Шопинг во 212 центарот
  • PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)
  • И дефинитивно најдобрата организација со најдобите водичи
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

from €129,00

You might also like