from €79,00
Book Now

Велигден во Истанбул

Not Rated

Duration

2 ноќевања

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Велигден во Истанбул

Истанбул Велигден 2 ноќевања

 цена по лице 79 еур 

бесплатен трансфер од Битола Прилеп и Велес

Прв ден – петок (30.04.2021)

Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

 

Втор ден – сабота (01.05.2021)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. По нејзе следи  факултативен разглед на Топ Капи палатата.

Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува една од највисоките згради во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса).

По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање.

 

Трет ден – недела (02.05.2021)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета.

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

По крстарењето следи разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат две прекрасни места во Азија, а тоа е местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетата и да се напиете кафе.

 

Четврти ден – понеделник (03.05.2021)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 40 евра

•  Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул: Ускудар (Моминска кула) одмор во населбата Кадикој во Азија

•  Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

 

GOLD – 55 евра

•  Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:

•  – Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија

•  Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

•  Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим

 

PREMIUM – 100 евра

•  Топкапи палатата со влезница и водич

•  Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:

•  – Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија

•  Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

•  Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим

•  Посета на Долмабахче палатата

•  Влезница во аквариумот Туркуазу

 

Важни напомени:

•    – За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.

•    – За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

•    – За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

•    – Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

•    – За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

•    – Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција (10 евра по лице)

•    – Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

•    – Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

•    – Агенцијата смее да направи измена на програмата на лице место

•    – За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ

Included/Excluded

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, Сулејмание Џамија
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • туристички пратител за време на престојот
  • Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
  • Факултативните излети

Tour's Location

Created with Sketch.
from €79,00

You might also like