fbpx
from €0,00
Book Now

ВЕЛИГДЕН ВО ПРАГА

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…
Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

Цена на аранжманот 159 евра / 9.860мкд
Промо цена 129 евра / 8.000мкд за резервации до 28.02

Програма за патување (21.04-24.04.2022)
21.04.2022 (Четврток) Скопје – Прага
Состанок на групата на Дрво Декор во 13.00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Р. Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

22.04.2022 (Петок) – Прага
Dobrý den! Добредојдовте во златниот град! Почеток со официјалниот разглед на најпознатите атракции и знаменитости во Прага, со лиценциран локален водич:
Калето каде е сместен Прашкиот Дворец во кој се сместени официјалната резиденција и канцеларија на претседателот на Чешката Република. Во дворецот има црква, дворските градини, коњушницата и секако војниците кои несмеат ниту да трепнат пред шармантните насмевки на туристите. Според Гинисовата книга на светски рекорди овој дворец е најголемиот во светот како кохерентен комлекс на замоци со околу 70,000м2 површина. Секако дека е заштитен и од УНЕСКО како место со светско наследство. Продолжуваме кон римокатоличката катедрала св. Витус, во која може да се влезе слободно и по желба. Катедралата е одличен пример на готската архитектура и седиште на главниот бискуп. Во неа се сместени и гробниците на многу бохемиски кралеви и римски императори – што ја прави најголемата и најважна црква во земјата. По пат кон разгледната точка над Прага, идеална за групни фотографии ги сретнуваме и базиликата св. Џорџ и музејот на играчки. Од видиковецот се спуштаме низ паркче до малиот плоштад познат како прашка Венеција и стигнуваме до фамозниот Карлов мост на реката Влтава кој не спојува со стариот град. Низ тесните шармантни улички полни со продавници за сувенири стигнуваме до третиот најстар Астрономски часовник во светот, а последен кој сеуште работи. Секако зад неговата градба стои историска приказна за паметење. Следна дестинација е главниот плоштад каде завршува пешачката зона и каде е време да се дегустираат чешките колбасици и пиво за многу пристојна цена- мини ручек со поглед на Националниот музеј каде што првиот дел на официјалниот разглед завршува. Слободно време за индивидуални активности.
Сместување во хотел.
Ноќевање.

23.04.2022 (Сабота) – Прага-Карлови Вари
Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти век.
Овој град се наоѓа на околу 130 км од Прага, истиот го добил името по Бохемискиот Крал Карло 4ти. Овде имаме можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка” кои може да ги вкусите или да ги купите како подарок за некој од вашите блиски. Враќање во Прага во попладневните часови.
Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава можност да уживаме во Прага на еден поинаков начин, да го погледнеме градот од друг аспект.
Ноќевање.

24.04.2022 (Недела) – Прага-Македонија
Појадок. Одјавување од хотел и посета на трговски центар. Слободно време за шопинг и во попладневните часови поаѓање кон Македонија.
Ноќно возење преку Унгарија и Србија со кратки попатни паузи.
Пристигнување во Скопје следниот ден (24.04-Понеделник) во попладневните часови.

Во цената се вклучени следниве услуги:
• Превоз со високо туристички автобус
• 2 ноќевања со појадок во Прага во хотел со 3*
• Посета на трговски центар
• Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Разглед на Прага со локален водич (10еур)
• Факултативно крстарење по В’лтава (20 еур)
• Факултативна посета на Карлови Вари (25 еур)
• Факултативна вечера во национален ресторан-пивница (35 еур)
• Патничко и здравствено осигурување 210 мкд
• Индивидуални трошоци
• Доплата за еднокреветна соба 30еур

Ковид политика:
Агенцијата гарантира поврат на уплатени средства во случај:
• Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
• Затварање на граници

Напомена:
• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна). Важност на пасошот мин.90 дена од денот на враќањето
• Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
• За влез во Чешка потребен е сертификат за вакцијација (признаени вакцини Фајзер, Астра Зенека, Модерна или Џонсон и Џонсон); негативен ПЦР тест не постар од 72 часа
• За влез во Македонија, за лица над 18години, потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген тест (не постар од 48часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена
• За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата.

Tour's Location

from €0,00

You might also like