fbpx
from €139,00
Book Now

ВЕЛИГДЕН ВО СОКО БАЊА

Not Rated

Duration

4 days 3 nights

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал
Цена на аранжманот 139 евра / 8.620мкд
Промо цена 119 евра/ 7.380мкд за резервации до 15.03.2022

Програма за патување (22.04-25.04.2022)
22.04.2022 (Петок) Скопје – Соко Бања
Состанок на групата во 05.30час. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.
Ноќевање.
23.04.2022 (Сабота) -Соко Бања (Лептерија-Сокоград)
Појадок. После појадокот, заминуваме на организирана пешачка тура со локален водич, до излетничкото место Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или индивидуална посета и релаксација во термаклните базени на Соко Терме. Вечера. Вечерта можност за посета на црквата Св.Преображение и следење на церемонијата за Велигден.
Ноќевање.
24.04.2022 (Недела) Соко Бања-Озрен
Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на планината Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера.
Ноќевање.
25.04.2022 (Понеделник) Соко Бања-Македонија
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до поаѓање за Македонија. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• Традиционален коктел за добродојде
• 3 Полнипансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3*
• Организиран разглед на Сокобања со локален водич
• Организирана пешачка тура со локален водич до Лештерија и Сокоград
• Организиран излет до планината Озрен , со традиционален велигденски ручек
• Бесплатно користење на џакузи базенот во х.Бањица
• Туристичка такса
• Организација, реализација и придружник на патувањето
Ценатана аранжманот не вклучува:
• Влезници по музеите и културно историските споменици
• Задолжително патничко и здравствено осигурувањеПопусти и доплати:
– Деца од 2-12год. – 1.000мкд попуст од редовната цена;

Ковид политика:
Агенцијата гарантира поврат на уплатени средства во случај:
• Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
• Затварање на граници

Напомена:
•За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
•За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
•Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
•Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
• За влез во Србија нема никакви ограничувања, но за излез и за влез во Македонија за лица над 18 години е потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележаност не постар од 45 дена или ПЦР или антигенски тест.

Itinerary

Included/Excluded

  • • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • • Традиционален коктел за добродојде
  • • 3 Полнипансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3*
  • • Организиран разглед на Сокобања со локален водич
  • • Организирана пешачка тура со локален водич до Лештерија и Сокоград
  • • Организиран излет до планината Озрен , со традиционален велигденски ручек
  • • Бесплатно користење на џакузи базенот во х.Бањица
  • • Туристичка такса
  • • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

from €139,00

You might also like