fbpx
from €179,00
Book Now

Венеција Нова Година/ АВТОБУС

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

29/12/2022- 02/01/2023

СТРУМИЦА- СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Венеција. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце.
Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ДЕН ТРСТ – ВИЧЕНЦА
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг
центри во Италија – Palmanova Outlet Village. По шопингот се упатуваме кон Виченца и смстување во хотел,
време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и e 4ти град по големина во Покраината
Венето. Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа Базилика Паладиана, голема средновековна
градска сала…Театро Оломпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите
ренесансни театри…Палатата Кјерикати…Вила Валмарана…Плоштадот Кастело…индивидуално враќање назад
до Хотел. Ноќевање.

3 ДЕН ВИЧЕНЦА – ВЕРОНА – ВИЧЕНЦА
Појадок во хотел. Заминување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона – градот на Ромео
и Јулија. Панорамско разгледување на градот со автобус, потоа се упатуваме во пешачки разглед на градот и
првин го гледаме Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал
30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини,
каде ги имате најголете брендови од модната индустрија и се упатуваме кон плоштадите Ербе и Данте. Следна
дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата. Слободно време за
индивидуални разгледи на Верона. Патување назад кон Виченца. Одмор до вечерниот дочек на Нова Година на
плоштад во градот … Ноќевање.

4 ДЕН ВИЧЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА – СЛОВЕНИЈА
Појадок во хотел. Трансфер до северниот дел на Венеција преку лагуната. Пешачки разглед со локален водич на
градот: Програмата ја започнуваме од северниот дел на Венеција од Пјијацале Рома…Со поминување на првиoт
мост острови и дан (Ponte degli Scalci – камен мост) на Гранд Канале, влегуваме во еден посебен свет, во град
составен од 1000 мостови…каде сообраќајот се одвива по малите канали и по најголемот канал Гранде…Се
упатуваме пешачка тура по тесните венецијански улици, полни со бутици за облека и сувенири кон мостот Понте
Риалто…Прокуратите и централниот плоштад Св. Марко, а овде ќе ја видете и прекрасната црква Св.Марко и
Кулата,…се упатуваме кон Дуждевата палата…завршуваме до Мостот на воздишките…Слободно време за
индивидуални прошетки и враќање во договорено време со групата назад до Пиазале Рома, каде не чека
автобусот.Патување назад кон Македонија.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

5 ДЕНСРБИЈА – СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2022 – 159 € (9.858 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 € (7.998 ден.)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација,
– Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Виченца на база 2 ноќевања со појадок,
– Придружник од агенцијата за време на целото патување,
– Организација и реализација на аранжманот на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Пешачки разглед на Венеција локален туристички водич и превоз (15 €) – задолжителна доплата во агенција,
– Факултативна посета на Верона (15 €)– минимум 30 патника за реализација
– Свечена вечера во ресторан во Виченца (40 €),
– Туристичка такса – 3 евра за цел престој по лице (се плаќа во агенција)
– Патничко осигурување
– Влезници за музеите и културно-историските споменици

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред
датумот на започнување на истиот
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на
локалитетите и музеите
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или
културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
· Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини.

Itinerary

Included/Excluded

  • - Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • - Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Виченца на база 2 ноќевања со појадок,
  • - Придружник од агенцијата за време на целото патување,
  • - Организација и реализација на аранжманот на патувањето.
  • - Пешачки разглед на Венеција локален туристички водич и превоз (15 €) – задолжителна доплата во агенција,
  • - Факултативна посета на Верона (15 €)– минимум 30 патника за реализација
  • - Свечена вечера во ресторан во Виченца (40 €),
  • - Туристичка такса – 3 евра за цел престој по лице (се плаќа во агенција)
  • - Патничко осигурување
  • - Влезници за музеите и културно-историските споменици

Tour's Location

from €179,00

You might also like