fbpx
from €160,00
Резервирај

8 МАРТ-ВЕНЕЦИЈА-ТРСТ– ВЕРОНА– СИРМИОНЕ

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

ВЕНЕЦИЈА. ТРСТ – ВЕРОНА – СИРМИОНЕ

Венеција град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади…Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција. Верона асоцијација на љубовта по Шекспировата Ромео и Јулија.

02.03.2023. Поаѓање во 16.00 ч од Прилеп со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

03.03.2023 Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на градот: плоштадот Унита, операта Џузепе Верди, градското собрание, фонтаната Нептун”…Се продолжува за Лидо ди Јесоло, сместување во хотел. Слободно време за прошетка низ Лидо ди Јесоло и 15км.долгата песочна плажа.Ноќевање.

04.03.2023 Појадок. Целодневен факултативен излет до Алпското езеро Лаго ди Гарда во подножјето на Алпите, кое изобилува со бајковити села и гратчиња,островчиња..Посета на шармантното гратче Сирмионе со замокот Скалиѓеро опкружен со вода,што ова место го прави атрактивно за милиони туристи. Потоа се посетува Верона градот на Ромео и Јулија, каде ќе се посетат: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра,Ербе и Дел Сињори,замокот Векио.Слободно време за уживање во предбожиќна атмосфера на божиќниот пазар. Доцна вечерта враќање в хотел. Ноќевање.

05.03.2023 Појадок. Факултативен излет Лидо ди Јесоло, па со брод од Punto Sabione до Венеција. Панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждовата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне за прошетка со можност за возење со Гондола – симболот на Венеција. Враќање со брод во Лидо ди Јесоло. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.

06.03.2023 Пристигнување во Прилеп во пладневните часови.

ЦЕНА: 9300 ден. за резервации до 10.02.2023; Потоа 9900ден.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (Венеција).

  • разгледување на Венеција со локален водич

  • посета на Т.Ш.Ц. Палма Нова, посета и разглед на Трст

  • лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза (300 ден)

  • превоз со брод до Венеција од Punta Sabione (Лидо ди Јесоло) и назад – 20 евра

  • целодневен излет до Верона и Сирмионе – 30 евра

  • влезници за културно историските споменици

За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.

Напомена: Рок на пријавување до 24.02.2023 година.

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

Локација

од €160,00

Можеби ќе ви се допадне