fbpx
from €149,00
Book Now

Виена – Christmas Мarket- 8 декември

Not Rated

Duration

2 ноќевања

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Tермин: 07  Декември

 

1 ден  07.12.2022 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена . Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 08.12.2022 Шопинг центар ParndorfВиена

Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  09.12.2022 Шенбрун

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден  10.12.2022 ВиенаСкопје

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  11.12.2022 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 €/ 9.240 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  •   Превоз со високотуристички автобус
  •   Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  •   Посета на шопинг центар Парндорф
  •   Професионален туристички придружник
  •   Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •   Разглед на Виена со локален водич – 15
  •   Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 45€
  •   Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  •   Задолжително патничко осигурување –175 ден
  •   Доплата за еднокреветна соба – 2.400 ден
  •   Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба да биде со важност мин. 3 месеци од денот на ваќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
View More

Itinerary

Included/Excluded

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Посета на шопинг центар Парндорф
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Разглед на Виена со локален водич - 15€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 45€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • Задолжително патничко осигурување –175 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 2.400 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 10 евра

Tour's Location

from €149,00

You might also like