fbpx
from 69 €
Резервирај

Викенд во Јанина и Парга – Али Паша Јанински

Нема оценки

Времетраење

2 дена

Тип

Specific Tour

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

ЈАНИНА и ПАРГА – АЛИ ПАША ЈАНИНСКИ

Парга како најубав град на брегот на областа Епир, се наоѓа на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување.

2 дена бус ( ноќевање со појадок )
1 ден 27/11/2021 Сабота ГОСТИВАР -БИТОЛА – ЈАНИНА
Состанок на групата во 03:00 часот на паркингот пред Болница Гостивар . Поаѓање за Грција преку граничен премин Меџитлија Пристигнување во Јанина. Јанина или Јанино – главен и најголем град на областа Епир, Разглед на градот со можност за прошетка по тесните улички од јанинската чаршија кој изобилува со прекрасни градби од Отоманскиот период,каде што минатото и сегашноста се сретнуваат на едно место.Факултативна посета на островчето кое се наоѓа во езертото Памвотис,на кое што се наоѓаат шест манастири и музејот на Али Паша.Островчето располага со многу ресторани,каде што се сервираат необични специјалитети како нозе од жаби,јагула и пастрмка. Сместување во хотел. Вечерта организирана вечера во грчка таверна -факултативно. Ноќевање.
2 ден 28/11/2021 ЈАНИНА – ПАРГА – БИТОЛА-ГОСТИВАР
Појадок. Заминување за Парга Парга како најубав град на брегот на областа Епир, се наоѓа на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови.Можност да се испие едно кафе покрај море. Во попладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на маркетот Икеа . Пристигнување во Гостивар во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69 евра / 4,278 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на релација Гостивар-Јанина-Парга
• 1 ноќевање со појадок во хотел во Јанина https://hotelalexios.gr/en/
• Организација и реализација на патувањето
• Придружник на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Факултативна посета на Музејот Али Паша – 10 евра
• Доплата за вечера 15 Еур
• патничко осигурување
• други индивидуални трошоци

Маршута

Вклучува/Не вклучува

Локација

од 69 €

Можеби ќе ви се допадне