from 0 review
4 дена
Specific Tour
4 people
___
Валона прераснува во европска туристичка дестинација, на самата граница помеѓу Јадранското и Јонското море. Се чини, место идеално за летување на просечно македонско семејство. Поефитно од Грција, дури и од Скопје. Официјална валута е „лек “, сепак не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.
3 ноќевања со појадок + бус
1 ден: 05.09.2020 Сабота Поаѓање за Валона од Битола на паркингот Спортска сала во 03.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Валона во претпладневните часови, сместување во хотел 4* во областа Радиме. Ноќевање1.
2 ден: 06.09.2020 Недела Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна посета (10 еур) на манастиорот Звернек, кој се наоѓа на малиот остров прекриен со борова шума, византиски манастир од 13 век посветен на Пресвета Богородица. За да стигнете до манастирот, се патува на дрвен мост (270 метри). Амбиентален ентериер. Целата област е многу живописна, особено на зајдисонце.
3 ден: 07.09.2020 Понеделник Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Вечерта организирана прошетка до град со можност за шопинг со како и можност за организирана вечера со музика (факултативно 15 Еур).
2 ден: 08.09.2020 Вторник Појадок. По појадокот слобиден ден за уживање во тиркизното море. Попладне во 17 часот, поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.
Еднокреветна соба 129 Еур. Деца 2 -12 години 69 Еур. Трет возрасен 79 еур. Сопствен превоз -20 Еур од цената.
Во цената се пресметани следните услуги:
Превоз со туристички автобус на дадената релација
Сместување во хотел 3* во Валона (Радиме) на база 3 ноќевања со појадок
Хотелот располага со двокреветни и трокреветни пространи соби, широко двориште со зеленило и играчки за деца, сопствена уредена плажа со лежалки и чадори (ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА) https://hoteldenta.com
Излет до градот Валона (вклучено во цена) http://albania.al/destinations/vlora/
Организација и пратител на патувањето
Во цената не се пресметани следните услуги:
Организирана вечера со пијалок (15 Еур)
Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес
Сместен во Валона, на 2,8 км од плажата Радима, хотелот Дента располага со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, бар и градина. Одликувајќи се со семејни соби, хотелот исто така им обезбедува на гостите детско игралиште. Собите во хотелот се опремени со ТВ со рамен екран со сателитски канали. Сите единици во хотелот Дента вклучуваат климатизација и биро. Доручек се служи на шведска маса.
Leave a Reply